ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: СДСМ: Скандалот со парцелите не може да се заташка, Дали Ана Петровска ставила потпис на 22 мали хидроцентрали?

October 10, 2021 21:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Доделени над седум илјади субвенции за инвертери, додека ВМРО-ДПМНЕ не се реформира нема да ја има до вербата од граѓаните, Дали Ана Петровска ставила потпис на 22 мали хидроцентрали, во скопската зоолошка градина ќе се прави аквариум по светски стандарди, вакцинирано 38 отсто од населението.

ПОЛИТИКА, ИЗБОРИ 2021, ПАНДЕМИЈА

Министерот за финансии Фатмир Бесими ќе учествува на Годишните средби на ММФ и Светска банка, кои поради пандемијата и овојпат се организираат онлајн.

Очајното ВМРО-ДПМНЕ рипна да го брани градоначалникот на Сопиште Стефче Трпковски за аферата со парцелите во Соње, а кога криминалната дружина од Белата палата излегува да брани веднаш е јасно дека нешто е матно,се наведува во реакцијата на СДСМ.

Во последните три години, Град Скопје има досега доделено вкупно 7.530 субвенции за инвертери: 1379 во 2019, 5002 во 2020, и 1667 субвенции во 2021 година.

Кога преговараш со ЕУ, политичката дискусија е во оваа рамка, постои пат, а во спротивно доаѓаат странски влијанија и тогаш сите почнуваат да се прашуваат „можеби постои друго алтернативно решение наместо ЕУ

Во петокот и вчера се аплицирани вкупно 4.418 вакцини, од кои како прва доза се аплицирани 1.132, а ревакцинирани се 3.129. Трета доза примиле 157 граѓани.

Скопската зоолошка градина е гордоста на Скопје – една од најпозитивните скопски приказни во последните 4 години. Станува збор за најпосетената институција во државата, а во последните години омилено место на сите скопјани. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција ги претстави новите инвестиции во скопската зоолошка градина во претстојниот период.

Во текот на оваа недела забележан е намален број на починати лица од коронавирусот во земјава. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, вчера се направени 4.962 тестирања, регистрирани се 344 нови случаи на Ковид-19, а починати се шест лица.

Ивермектин се нарекува чудотворен лек против Ковид-19, за него се залагаат противниците на вакцинација и го препорачуваат здравствените власти во некои земји. Би-Би-Си пишува дека има сериозни грешки во голем број клучни студии на кои се потпираат поборниците на овој лек.

Заедно со збогатувањето на нови содржини за посетителите во изминатите 4 години расте и интересот за посети на Зоолошката градина во Скопје не само од страна на жителите на градот, туку и од многу други градови од земјата и регионот.

Овие млади луѓе, заедно со нивните другари од Куманово презедоа храбри акции со кои го означија почетокот на сенародната борба за слобода и човечки правдини. Овие млади луѓе не се штедеа себеси – ниту својата младост, ниту своите животи. Останаа записите на тогашниот окупаторски воен суд во кој е запишано дека напаѓачите располагале со околу дваесет пушки и со неколку бомби. Со 300 до 400 куршуми, со леб и со други намирници.

КУЛТУРА

Скопје е веќе град на културни случувања и фестивали, со реконструирани и нови културни сцени. Во сите 12 месеци од годината се организираат културни случувања, културни настани и фестивали, дури и во време на пандемија. Бевме единствен град во Европа што организираше „Култура во време на корона“ како поддршка на уметниците. Скопјани секоја година уживаат и во фестивалот „Скопје лајт дистрикт“ и во koнцертите на „Филхармонија на отворено“.

– Ние сме задоволни од одржаниот фестивал и уште поважно, публиката беше задоволни. Имавме 30 проценти исполнетост на салата во НУЦК, сите претстави беа максимално посетени, согласно протоколите. Вкупно, имавме околу 2.500 посетители за деветте претстави. Имавме разбирање од граѓаните за условите во кои се одржува фестивалот, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

В.К

Next Post

Христоски: Општина Крушево затрупана со 3 кредити и 13 милиони денари долг ја направиме една од најуспешните по реализација на проекти

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk