ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Шилегов: Да гласаме за Скопје – за позелено и почисто Скопје

October 10, 2021 19:04
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов потсетува што е различно во Скопје во споредба со 2017 година: „Четири години подоцна, нема омраза на скопските улици, нема шовинистички скандирања и поттикнување поделби меѓу скопјани. Им ставивме крај на националистичката пизма, на политичкото насилство и на граѓанските поделби кои ги создаваше претходната власт. А и многу полесно се дише во Скопје, затоа што благодарение на многубројните мерки што ги презеде градот, аерозагадувањето не е главен проблем за скопјани“, пишува Шилегов во колумната, „Да гласаме за Скопје!“ објавена во викенд-изданието на „Слободен Печат“.

Шилегов укажува дека промените во Скопје се гледаат на секој чекор и дека денешно Скопје е една поинаква приказна од мрачната приказна во 2017-та. Според Шилегов, „Скопје сега е единствено како никогаш досега“ и главниот град „се прашува за иднината, за рамномерен развој, за тоа како да стане позелен, поповрзан и послободен град“.

Шилегов им порачува на скопјани дека на 17 октомври имаат можност да изберат меѓу развојот на Скопје како модерна европска метропола или уназадувањето со барокното „Скопје 2014“ – надградено и проширено со црнилата што ги нуди криминалната „Бела палата“:

„Скопјани имаат избор меѓу витална инфраструктура – крвоток за развој на градот, или партиски музеи, партиски плоштади, плажи и исушени палми. Скопјани имаат избор меѓу нови улици, булевари, мостови, кружни текови или нови споменици и восочни фигури за партискиот музеј на ВМРО. Скопјани имаат избор меѓу два нови моста на Вардар, или четири лава на еден мост кои чинеа милиони евра. Скопјани имаат избор – меѓу слободни тротоари, двојно поголема мрежа од велопатеки, најголемата пешачка зона во центарот од сите европски градови или, пак, меѓу блокирани тротоари и патеки, какво што беше Скопје до 2017-та.“

Главното укажување на Шилегов во колумната е дека скопјани избираат позелено и почисто Скопје: „Да, скопјани имаат избор. Избор помеѓу нови градски паркови (на местата на поранешни депонии и диви паркиралишта) или меѓу уништување на Водно со „Сончев град“ и „Беверли хилс“ за изградба на „згради-мади“. Скопјани имаат избор меѓу нови зелени кровови и урбани скверови или меѓу уништување на градското и уличното зеленило и узурпирање на градските плоштади. Скопјани имаат избор помеѓу модерен и слободен градски кеј или помеѓу окупиран, узурпиран и блокиран кеј за пешаци и велосипедисти.“

Шилегов потсетува и на преземените мерки кои доведоа до почист воздух во Скопје, за разлика од мерките на ВМРО-ДПМНЕ кои предизвикуваа задушување на градот:

„Имаме избор меѓу нови субвенции за инвертери, за помалку оџаци и уште почист воздух или меѓу нов увоз на половни автомобили за задушување на градот. Имаме избор меѓу неисплатливи двокатни дизелаши што го загадуваат воздухот или меѓу исплатливи ефикасни екоавтобуси. Изборот е меѓу брз, ефикасен, еколошки јавен транспорт (Бас рапид систем), со модерна флота ултраеколошки автобуси, или меѓу нереалните празни ветувања за бесплатен јавен превоз со нови 250 екоавтобуси што ќе се набавиле веднаш со „милијардата на Циле“.

Шилегов им порачува на скопјани дека имаат избор меѓу рамномерен, подеднаков развој на градот, или вложување на стотици милиони евра во „барок“ во центарот, со игнорирање на периферијата: „Имате избор меѓу Скопје – престолнина на културата, или меѓу Скопје – главен град на кичот. Имате избор меѓу тие кои ја зголемија минималната и просечната плата, или меѓу тие кои беа најголеми гласноговорници против зголемувањето на минималната и просечната плата. Имате избор меѓу реконструкција на Универзална сала во постојниот облик и габарит или меѓу бетонското чудовиште кое го нацртаа во нивните криминално донесени урбанистички планови. Имате избор меѓу град за сите или град само за привилегираните. Имате избор меѓу град во кој младите ќе се доселуваат, или град во кој младите што побргу сакаат да заминат.“

Шилегов е убеден дека нема скопјанец кој не им се радува на позитивните промени во градот што се направени последниве четири години и дека Скопје мора да го развиваме рамномерно, секаде еднакво, без разлика дали сакаме да живееме на север или на југ, на исток или на запад:

„Убеден сум дека градот им припаѓа на сите негови жители. Убеден сум дека секој од нас е подеднакво важен и има право на убав и квалитетен живот во нашето Скопје независно дали живее во Аеродром, Чаир, Карпош, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Гази Баба, Сарај, Бутел или Центар. Убеден сум дека во мојата програма нудам град за сите и дека тоа е најдоброто за сите скопјани. Затоа што Скопје го заслужува најдоброто.“

На крајот од колумната, Шилегов поентира дека Скопје не заслужува кочничари на развојот, дека Скопје заслужува да биде една поинаква приказна, и ги повикува скопјани да излезат на локалните избори: „Затоа, да излеземе следната недела и да гласаме – за Скопје!“

Next Post

Обраќање на Заев по повод 11 Октомври

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk