ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Спасовски од Шуто Оризари: Најдоброто на 17 октомври ќе победи во Шуто Оризари, со Ферат Асан

October 10, 2021 09:16
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Овие четири години градиме инфраструктура, училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради, тоа значи подобар живот за сите граѓани, истакна потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“, вечерва во Шуто Оризари.

Тој истака дека пример за успешно функционирање на концептот воведен од СДСМ Едно општество за сите е токму Шуто Оризари, бидејќи СДСМ не ги дели граѓаните по ниту една основа, туку обезбедува еднакви шанси за сите

Спасовски нагласи дека во изминатиот период во Шуто Оризари со поддршка на Владата е направено многу, реконстуирани се улици како Индира Ганди, улиците Рељо, Кипарска, Брегалничка, Демирхисарска, Вашингтонска, Карабуница, Злетовска и други, во подобрување на водоводната и канализационата мрежа се инвестирани 13,5 милиони денари, изградена е градинка, поставено е зеленило.

Во следните четири години продолжуваме уште повеќе и уште подобро, го носиме Најдоброто, во Шуто Оризари, изградба на атмосферска канализација, реконструкција на патишта, нови инвестиции, истакна Спасовски, нагласувајќи дека СДСМ и Коалицијата ги нуди најдобрите кандидати за советници и градоначалници.

За Шуто Оризари тоа се Ферат Асан и советничката листа предводена од Нежмие Саитова, затоа што тоа се луѓе што си ја сакаат општината и што ќе се грижат за своите сограѓани, за реализација на нови проекти, за подобрување на животот на сите граѓани во општината, нагласи Спасовски.

Тој наведе дека на другата страна стои ВМРО-ДПМНЕ со истите луѓе како во режимот, обвинети за криминал и корупција а се претставуваат како нови лица, но во Шуто Оризари се исплашија и немаат свој кандидат, бидејќи немаат што да понудат.

Ние им служиме на граѓаните, со волја, со дела, вредно и посветено работиме за развојот на секоја општина, го носиме најдоброто за државата, најдоброто за Шуто Оризари, затоа на 17 октовмри масовно ќе гласаме за бројот 12, за СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, за победа на  Ферат Асан во Шуто Оризари, за победа на Петре Шилегов во Град Скопје, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски.

Next Post

Битиќи од Куманово: Во новата развојна економија, младите се движечка сила

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk