ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Средношколци од Кавадарци, Прилеп, Куманово и од Маврово-Ростуше преку Џифони-хабовите беа дел од фестивалот

October 12, 2021 14:23
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Педесетина ученици од Кавадарци, Прилеп, Куманово и од Маврово-Ростуше во изминатите денови учествуваа на 9. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ од своите училишта или домови. Преку т.н Џифони-хабови тие ги следеа активностите на кадетите и сениорите, гледаа филмови, се вклучуваа во дискусиите, а учествуваа и на работилниците. Поради ковид-пандемијата фестивалот годинава мораше да го намали бројот на учесници во живо и затоа ја создаде оваа можност, сепак и ученици надвор од Скопје да бидат дел од магијата на „Џифони“. Реализацијата на работата на хабовите ја поддржа Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Професорката Анита Бунеска од средното стручно училиште „Орде Чопела“ од Прилеп споделува дека учениците стекнале прекрасно искуство. Ова учество ќе помогне за развојот на филмската култура кај младите.

-Преку тематиката опфатена во прикажаните филмови, тие имаат можност да ги увидат проблемите на младите, кои понекогаш се приморани да бидат сведоци на многу непријатни и ужасни нешта, бидејќи се дел од социјално загрозени, дисфункционални семејства. Ова се корисни искуства, зашто има ученици од такви семејства кои вака увидуваат дека не се само осамени единки, кои имаат такви и слични проблеми и мораат сами да се борат во животот, се охрабруваат и излегуваат посилни во таа постојана борба за подобар живот. Гледањето филмови на ваков начин е корисно и многу потребно сведоштво и за оние млади луѓе кои се растени во т.н. „стаклено ѕвоно” и немаат јасна претстава за суровиот реален живот со кој се соочуваат голем дел од младите луѓе. Младите луѓе со фактот што се дел од жирито за категоризација на филмовите, всушност се едно скалило пред своите врсници, нивното мислење се слуша и тоа е многу важно за нивниот развој како општествено корисни личности.

Учениците од ова школо посакуваат наредната година и во живо да учествуваат на фестивалот. Споделуваме дел од нивните коментари:

– Многу сум благодарна и среќна што учествував во овој проект. Најинтересни ми беа дискусиите за филм преку кои сите ја доловивме целта и содржината на филмските дела, сослушавме различни мислења и различни сфаќања за истите. Работилниците се многу корисни и интересни кои нѐ учат како да постапуваме во одредени ситуации, како да бидеме вистински новинар, како правилно да се однесуваме со соговорникот и воедно да знаеме да напишеме и уредиме една одлична новинарска вест.

– Среќна сум што имав можност да бидам дел од овој проект. За мене најинтересен беше дискусијата по филмовите каде што имав можност да слушнам многу различни размислувања. Работилниците беа доста корисни и ни овозможија да осознаеме како правилно се пишува еден текст.

Од средното општинско училиште „Маврово-Ростуше“ од с. Ростуше на фестивалот учествуваа 10 ученици од прва и втора година. Ова било прво такво учество на учениците.

-На репертоарот имавме четири филма од светска продукција. По завршувањето на филмовите учениците дискутираа за истите со врсници од други градови од земјава и од странство. Нашите ученици учествуваа на работилниците за креативно пишување и дигитален дизајн. Тие размислуваа и дебатираа на различни теми од типот емоции, односи во семејството, толеранција, родова еднаквост, врсничко насилство и на тој начин ги проширија своите видици и изградија ставови на одредени теми. Се надеваме дека наредното издание на  филмскиот фестивалот би го следеле со физичко присуство и би се вклучиле поактивно во дискусиите и работилниците – вели Харис Беќири, педагог во училиштето.

Вредни учесници на Џифони-хабот беа и учениците од „Добри Даскалов“ од Кавадарци. Нивен координатор беше наставничката Фиданка Илова.

– Ова е единствен фестивал од овој вид, кој преку филмската уметност, на децата и младите им нуди различни теми за размислување и разговор, (емоции, односи во семејството, толеранција, родова еднаквост, врсничко насилство, дискриминација, општествени појави,  климатски промени итн.), преку кои се олеснува дискусијата и разбирањето на некои појави и карактеристики што нѐ опкружуваат, и на тој начин им помага на младите и децата да ги прошират своите видици и да изградат свој став по некои прашања. Сѐ на сѐ, им се дава несекојдневна можност за размислување и сподeлување искуства на теми што можеби поинаку не би биле разговарани – вели Илова.

Две групи од по 10 ученика што следат настава на македонски и на албански јазик, учествуваа и од школото „Наце Буѓони“ од Куманово.

-Овие ученици првпат се сретнуваат со ваков настан и за нив тоа претставуваше ново искуство и предизвик. Содржините кои беа прикажани на настанот одговараа на нивната возраст и го отсликуваа предизвикот со кој се сретнуваат во секојдневниот живот. Видоа и примери како да се справат во одредени ситуации посебно кога ќе наидат на осуда од околината. Учениците беа задоволни од она што го видоа, покрај техничките проблеми кои повремено ги имаа, вели Лидија Илијевска, социолог.

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од македонската Агенција за филм и Министерството за култура, Град Скопје, партнерот од Италија – „Џифони Експиериенс“ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk