ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Целосно вакцинирано 35 % од населението, 38 отсто со една доза

October 12, 2021 07:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на вчерашниот ден направени се 1.529 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на Ковид-19. Починати се 15 лица, сите во болнички услови, а оздравени се 165 лица.

Согласно податоците од Министерство за здравство, 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, додека според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана барем со една доза.

Резултатите од нова француска студија покажуваат дека вакцинацијата против Ковид-19 го намалува ризикот од хоспитализација и смрт за 90 проценти кај луѓето постари од 50 години и се чини дека е ефикасна против Делта варијантата на вирусот.

-Ова значи дека вакцинираните луѓе имаат девет пати помал ризик за хоспитализација или смрт од Ковид-19 отколку невакцинираните луѓе, изјави за АФП епидемиологот Махмуд Зуреик, кој ја предводи научната група Епи-Фаре.

Во студијата се наведува дека од 14-тиот ден по втората доза на вакцината „забележано е намалување на ризикот од хоспитализација за повеќе од 90 проценти“

Истражувањето е направено според податоци од 11 милиони вакцинирани лица, постари од 50 години споредбено со податоци за 11 милиони невакцинирани лица во иста возрасна група, во период од 27 декември 2020 година до 20 јули 2021 година.

Ова истражување се однесува само на вакцините Фајзер/БиоНТек, Модерна и АстраЗенека. Во Северна Македонија се достапни Фајзер/БиоНТек, што е дозволена и за лицата од 12 години  и АстраЗенека, која е достапна за лицата над 60 години.

Комитетот за имунизација препорача трета доза „Фајзер“ не само за лица над 60 години и за здравствени работници, туку и за кои било други граѓани доколку се изложени на ризик од Ковид-19, поради тоа што имаат чести контакти на работа или приватно, без оглед на возраста и дали имаат или немаат хронични болести.  Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека до 9 октомври трета доза примиле 782 граѓани.

Оваа недела се очекува да започне и тестирање на 8.200 ученици од основните и средните училишта. Тестирањето ќе се одвива по случаен избор од регистарот на Е-дневникот и е во согласност на нивните родители.

 

Скринингот е предвиден да трае пет дена, а дневно да бидат тестирани по околу 1600 деца, во самите училишта од мобилни екипи. Тестирањето во средните и основни училишта, како што појаснуваат надлежните се одвива се со цел да се добие податок за евентуална трансмисија на вирусот во училиштата.

Во училиштата  вакцинирани се  околу 75 отсто од наставниците, додека настава на далечина следат околу два проценти од учениците, според податоците на Министерството за образование и наука.

Најмногу активни случаи има во Скопје, 3.550, Куманово е на второ место со 612 активни случаи и на трето место е Тетово со 187.

Досега во земјата се направени вкупно 1.324.894 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-19 дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 195.002, бројот на оздравени
пациенти е 181.196, на починати е 6.849, а на активни случаи изнесува 6.957. /МИА/.

Next Post

Неполна недела до изборите, кандидатите во трка да ги освојат гласовите на граѓаните

EVN

НАЈНОВО

Може ли германскиот систем за противвоздушна одбрана да биде европски одговор на Patriot?

February 26, 2026

Филипче: Се бориме за систем, не еден човек како Мицкоски кој сака сè да контролира

February 26, 2026

Ивица Дачиќ хоспитализиран во тешка состојба – приклучен на респиратор

February 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Како исклучувањето на Starlink ја разниша руската линија на фронтот – „останавме само со радио-станици, кабли и гулаби“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 25 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски за клевета, бара по 500.000 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица предлага зголемување на повратот на ДДВ од 2.100 на 4.100 денари и повисок праг за регистрација на ДДВ-обврзници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk