Горан Костов, еден од лидерите на граѓанската иницијатива „Стоп за урбаното дивеење во Ѓорче Петров“ на овие локални избори е кандидат за советник на советничката листа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров.
Наводната граѓанска иницијатива што ја предводи Костов, во неколку наврати блокираше улици во Ѓорче Петров противејќи се на донесување на Детални урбанистички планови, при тоа не давајќи ниту еден коментар што е спорно во тие планови.
Претставници на оваа иницијатива имаа и обид насилно да спречат одржување на седница на Советот на општината.
Од СДСМ веќе претходно објавија за поврзаноста на водачите на иницијативата со УМС на ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи ја иницијативата партиска а не граѓанска.
Тоа што Костов сега се наоѓа на кандидатската листа за советници на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди укажувањата на СДСМ и пошироката јавност дека инцијативата „Стоп за урбаното дивеење во Ѓорче Петров“ исполнува партиски наместо граѓански агенди.
Д. Е.