„Мозочна магла“ е нејасен, колоквијален термин за кога се чувствуваме растроено и ментално нарушено, пишува ScienceFocus.
Терминот често се појавува во медицинската истражувачка литература, каде што се користи за да се доловат искуствата на когнитивните (т.е. ментални) тешкотии опишани од различни групи на пациенти, од луѓе со синдром на хроничен замор, пациенти подложени на хемотерапија, (за кои понекогаш се нарекува и „хемобреин “), па сè до жени кои преминуваат во менопауза. Како што најверојатно сте слушнале и Ковид-19, се поврзува со предизвикувањето на „мозочна магла“ откако инфекцијата завршува.
Што предизвикува „мозочна магла“?
Може да има безброј можни причини за предизвикување на „мозочна магла“. Постојат докази дека лековите што се користат во хемотерапијата, исто така, може да имаат директен, штетен физички ефект врз мозокот, со што придонесуваат за „мозочна магла“. За да го земеме контекстот на менопаузата, можно е хормоналните промени директно да влијаат на функцијата на мозокот. Меѓутоа, во сите овие контексти и други, исто така е можно да има емотивни и социјални предизвикувачи за „мозочната магла“. На пример, многу луѓе кои не биле заразени од коронавирус, сепак, пријавиле дека се чувствуваат поуморно и расеано од вообичаеното за време на пандемијата, можеби поради стресот и локдаунотг и работењето од дома
Како да се ослободите од „мозочната магла“
Онаму каде што причините за појава на „магла во мозокот“ се должат на директни, физички штетни влијанија врз мозокот, некои од најефикасните начини за справување ќе бидат компензаторите: користењето дигитални потсетници за да ни помогнат да ја поддржиме нашата меморија, или поголема употреба од вообичаените списоци и други помагала за планирање.
Ако верувате дека „мозочната магла“ може да има повеќе психолошки или невообичаени причини – можеби сте се чувствувале хронично преоптоварени со тоа што моравте да ги измешате работните обврски, на пример – може да помогне да направите дополнителен напор за да не бидете постојано преоптоварени со задачи. Фокусирањето на еден предизвик или одговорност одеднаш ќе помогне да се расчисти маглата.
подготви: Миткоска Марија