ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Скопското обвинителство поведе истражна постапка за „фалсификатори на евра” од Камерун

October 12, 2021 11:41
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои се сомничат за кривично дело „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“ согласно член 271 став 2 од Кривичниот законик, соопшти ОЈО Скопје.

Осомничените по потекло од Камерун, од кои едниот жител на Франција, а вториот на Луксембург, според Обвинителството, на 4 октомври пристигнале на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје без да поседуваат валидна документација за влез во земјава и финансиски средства потребни за престој.

– При проверка, во нивниот багаж било пронајдено поголемо количество предмети за правење лажни пари. Така, првиот осомничен во багажот имал 3.744 парчиња црна хартија исечени со идентична големина како оригинални евро банкноти со видлив принт на пари од по 50, 100, 200 и 500 евра. Кај вториот осомничен, пак, биле пронајдени 5.632 парчиња бела хартија исечени со идентична големина како оригинални евро банкноти со видлив принт на пари од по 50, 100, 200 и 500 евра, како и 78 парчиња хартија без ознака. Вкупниот износ на фалсификуваните евро банкноти во рана фаза за изработка изнесувал 902.150 евра, објаснуваат од скопското Обвинителство.

Воедно, од таму додаваат дека кај осомничените биле пронајдени и две шишиња со течност, едното со жолтеникава, а другото со темно-црвена боја, кои се користат за диференцирање на обичната хартија од онаа на која се печатат банкноти, како и една УВ-ламба.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата странски државјани за кои постои опасност да се дадат во бегство или да го повторат делото./МИА/.

Next Post

Пладневен преглед: Црноподнокташи, никогаш повеќе фашизам маскиран во режим, за ЕК бугарските пасоши за македонски граѓани не се проблем

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk