На 38-годишна возраст денеска ненадејно почина Јулија Николиќ, поранешната македонска ракометна репрезентативка и член на Кометал Ѓорче Петров.
Јулија Портјанко, подоцна Николиќ во 2003 година потпиша за Кометал Ѓорче Петров. Од 2009 година го носеше дресот на македонската репрезентација. Николиќ играше во Кометал Ѓорче Петров и таму се задржа до 2009 година, потоа продолжи во Турција, Франција и Русија, па се врати во Македонија во Вардар. Кариера ја заврши во 2015, по што остана да живее во Македонија.