Како и породувањето, така и смртта е телесен процес со фази и препознатлива прогресија. Исто како и раѓањето, брзината на процесот може да варира од личност до личност. Понекогаш е потребна медицинска поддршка за да помогне во процесот на смрт (или породување) што е можно побезбедно и удобно, пишува Sciencefocus.
Како што се приближува моментот за смрт, повеќето луѓе губат интерес за јадење и пиење. На луѓето што умираат постојано им недостасува енергија. Многумина од нас доживеале длабок умор предизвикан од болест, состојба „не можам да станам од кревет“ со тежок грип, или огромен умор додека се опоравуваме од операција. Спиењето обично ја надополнува нашата енергија и може да биде дел од закрепнувањето, но, на крајот од животот, спиењето постепено има помало влијание додека телото умира.
Што се случува во последните моменти
Како што напредува процесот на смрт, срцето чука посилно, крвниот притисок паѓа, кожата се лади и ноктите се замаглуваат. Внатрешните органи функционираат помалку со намалување на крвниот притисок. Може да има периоди на немир или моменти на конфузија, или само постепено продлабочување на несвесноста. Нема докажан начин да се истражува што доживуваат луѓето за време на умирање. Најновите истражувања покажуваат дека, дури и близу до смртта, несвесниот мозок реагира на звуците во соба. Сепак, не знаеме колку му значи музиката или гласовите за време на смрттта.
Дишењето се движи од длабоко до плитко и од брзо на бавно во повторување на циклуситe. На крајот дишењето се забавува и станува многу плитко, има паузи и, конечно, дишењето престанува. Неколку минути подоцна, срцето ќе престане да чука бидејќи снемува кислород.
подготви: Миткоска Марија