ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: Димитриевски купил 9.000 метри квадратни државни парцели, Субвенции за ин-витро оплодување , Издвоивме 1,2 милијарди евра за борба со пандемијата

October 14, 2021 20:44
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

СЗО и ЕМА годинава ги одобрија вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ за употреба и кај деца од 12 до 17 години….Максим Димитриевски кандидатот за градоначалник на Куманово додека ја извршува функцијата градоначалник се стекнал со илјадници квадратни метри државно земјиште…Левица преку Иван Јовановски, одговорниот за циркузот на Могилата на непобедените во Прилеп истура огромни пари на фејсбук кампањи. Нервозата за неизвесноста на изборите Арсовска ја истура на новинарите и е крајно безобразна. Северна Македонија е одлична дестинација за инвестирање. Град Скопје солидарен спрема семејствата на загинатите во пожарот во Тетово.

 

ПОЛИТИКА, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА

Научни студии и анализи секојдневно потврдуваат дека вакцините против ковид-19 се ефикасни и ефективни, спречуваат тешки форми на болеста и превенираат од смрт. СЗО и ЕМА годинава ги одобрија вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ за употреба и кај деца од 12 до 17 години. Испитувањето покажа дека ниту едно од 2.163 деца кои ја примија вакцината не разви ковид-19. САД и други земји, меѓу кои, Велика Британија, Израел, и Белгија, се изјаснија за приоритетна вакцинација на трудници, пишува „Вистиномер“.

Максим Димитриевски кандидатот за градоначалник на Куманово додека ја извршува функцијата градоначалник се стекнал со илјадници квадратни метри државно земјиште. Општина Куманово извршила продажба на над 26 хектари атрактивно државно неизградено земјиште на локацијата „Живкова карпа“. Документи од катастарот за недвижнини покажуваат дека Максим Димитриевски купил 9.961 метар квадратен во местото „Црвенки“, државно неизградено земјиште.“, во изјава за медиумите истакна Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Бектеши кажа дека последните статистички податоци за раст на БДП, намалување на невработеноста и зголемување на платите и индустриското производство од почетокот на годината покажуваат дека нашата земја пополека на економски план ја пребродува економската криза предизвикана од пандемијата според најоптимистичното сценарио.

Имајќи предвид дека Грција е стратешки партнер на Северна Македонија и дава голема поддршка во процесот на интеграција во Европската унија, очекувањата се сосема оправдани дека нашиот близок сосед и пријател ќе продолжи со јасна и директна помош во лобирање во претстојниот период, до формалниот почеток на преговори за членство.

Иван Јованоски, лицето кое беше предводник на групата која го направи циркуз при одбележувањето на празникот 11 Октомври во Прилеп, според јавните податоци на фејсбук е главниот канал за финасирање на кампањата на Левица за локланите избори на социјалните медиуми. Иван Јованоски е потпишан дека лично го плаќа спонзорирањето на околу 120 реклами кои се објавени на оваа платформа, на 20тина различни фејсбук страни.

 

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, добива новинарско прашање: „Дали ја имате менаџирано спортската сала Расадник?“ Одговор нема, има безобразлук: „Јас зарем пред вас медиумите ќе се докажувам?“

Денес, градоначалникот Шилегов одржа онлајн состанок со претставници на Здружението „До
бебе по патот на ИВФ“ на кој се разговараше за потребите и предизвиците на паровите кои
се соочуваат со неплодност. Тој во својата програма за наредните 4 години веќе вклучи
субвенции за млади брачни парови кои имаат желба за потомство преку ин-витро.
„За остварување на желбата за потомство, го помагаме процесот на биомедицинско
потпомогнато оплодување преку финансиска поддршка на паровите. Го дополнуваме
семејниот буџет за дополнителните трошоци што не се признаени со основните поволности на
Фондот за здравствено осигурување или во дополнителен обид кој не е покриен од Фондот. Ја
поддржуваме храброста и упорноста за посреќни семејства во нашиот град“, кажа Шилегов на
почетокот од состанокот.

 

СДСМ и Коалицијата на овие избори ја имаат најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ нуди стари, потрошени кадри на Груевски, меѓу кои има и осудени лица и лица против кои се водат судски постапки.
Ние нудиме издржани проекти, проектирани според реални состојби, во рамките на буџетите на соодветните општини, со реални рокови и реален план. Кај нив, ќе видите нереални и неостварливи проекти со цел еднократно да ги измамат гласачите, без при тоа да водат сметка за буџети или реални проекции.

ESPRESSO

„Најголемиот глас на овие избори е гласот на тивкото мнозинство. Тоа се луѓето чиј глас не се слуша на медиумите, говорниците, на плоштадите, тоа се луѓето кои живеат мирен живот, тоа е огромното мнозинство кое тихува, работи, ја чува оваа земја, тие ја сакаат Македонија со своите срца.“Читам и не ми се верува каква „порака“ одбрал да спонзорира на Фејсбук, Христијан Мицкоски, пишува ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ.

РЕГИОН И СВЕТ

Во врска со институционалната стабилност и владеењето на правото не може да има стабилност на криминалот. Се бориме со корупцијата и организираниот криминал кој што е патем, мултуетнички. Српските и албанските криминалци многу добро соработуваат. Ние ќе се бориме против тоа по секоја цена, ова го изјави премиерот на Косово, Албин Курти.

Аргентинската Влада денеска соопшти дека постигнала договор со компаниите од малопродажбата да ги замрзнат цените на повеќе од илјада прехранбени производи и производи за домаќинство во следните  90 дена, со цел да се спречи инфлацијата.

В.К

 

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk