ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Регулаторните тела за ревизија на Северна Македонија и Грција на чекор пред потпишување Договор за партнерство и соработка

October 14, 2021 08:08
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Северна Македонија Ване Цветанов и заменик -претседателот на Националниот одбор за надзор на сметководствените и ревизорски стандарди на Грција и претседател на Комитетот за контрола на квалитетот Панајотис Јанопулос на состанок во Атина ги договараа деталите околу Договорот за соработка и партнерство на регулаторните тела за ревизија на двете земји, што се очекува набргу да биде потпишан, јави дописничката на МИА од Атина.

Стратешкатата соработка помеѓу двете реулаторни тела ќе овозможи развој на внатрешните капацитети на Советот за унапредување и надзор на ревизијата и целосно усогласување на неговите законски надлежности и уредбата за ревизија на прваните лица од јавен интерес со европските директиви.

Цветанов и Јанопулос, за МИА рекоа дека Грција е подготвена да ѝ понуди секаква помош и техничко знаење на Северна Македонија во процесот на усогласувањето на системите и законите со меѓународните и европските стандарди и регулативи, но и за да стане официјален ментор на нашата земја и да помогне за влез во Меѓународниот форум на независни ревизорски регулатори (IFIAR) и во европското тело за ревизори.

-Ние сме веќе пред потпишување на официјални договори за официјалниот регулатор од Грција, што е во делот на ревизијата, да најдеме форма и начин да стане наш официјален ментор, да ни помогне во влегувањето во меѓународните институции како што е IFIAR, исто така во европското тело за ревизори, објаснува Цветанов.

Јанопулос ја изрази целосната подготвеност на Грција да помогне, објаснувајќи  дека тие имаат веќе искуство со ваква помош и поддршка за други земји, со оглед на тоа дека веќе работеле со Грузија.

-Она што се обидува Северна Македонија да го воведе се нови системи кои ќе бидат поблиску до ЕУ и меѓународните стандарди. Врз основа на ова, Ване е тука да ни ги постави сите прашања и сите пречки со кои досега се соочил и ние ќе сториме сè што можеме за да помогнеме во оваа насока, вели за МИА заменик -претседателот на Националниот одбор за надзор на сметководствените и ревизорски стандарди на Грција и претседател на Комитетот за контрола на квалитетот.

Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Северна Македонија, дополнително, објасни дека во изминатата година биле направени промени во институцијата, со дополнителни вработувања, овозможен поголем буџет, обезбедени соодветни обуки, како и набавена хардверската техника, а Министерството за финансии веќе го изработи новиот закон за ревизија.

За таа цел, како што објасни, денеска се одржува и работилница со овластени осум до девет ревизори од државата, со експерти од Бугарија, Словенија, Хрватска, како и Јанопулос од Грција, а целта, според Цветанов е законот да биде „поприменлив за професијата, појасен и целосно усогласен со меѓународните и најголемите светски стандарди“.

-Мора да воспоставиме темел за изградба на еден сериозен систем и од следната година не чека многу многу работа на заживување на тој систем каде што ќе биде добредојдена помошта од пријателска Грција затоа што, без разлика што ќе имаме европски закон, ќе имаме институција, ако немаме квалитетно „know-how“ искуство и знаење кое ќе ни го преточува некој, ние нема да можеме најправилно да го изградиме тој систем за ревизија. Станува збор за специфичен систем каде што има премногу стручна материја и затоа идејата е во идни проекти, експерти од Грција, како држава која со векови наназад има историја во финансискиот систем, да учиме од најдобрите, вели Цветанов. /МИА/.

Next Post

Уште два дена кампања за првиот круг од локалните избори

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk