„Бобан Стефковски кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Гази Баба е осудено лице и бивш затвореник. Во 2002 година Стефковски е осуден на казна затвор од три месеци поради сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци“, односно продажба на дрога“, изјави Биљана Муиќ, портпаролка на ОО СДСМ Гази Баба.
Таа покажа документи од пресудата со која, како што вели, се потврдува кривичното дело на Стефковски.
„Тоа што Стефковски пред десет дена извадило уверение и покрај тоа што ова народски се вика уверение за неосудуваност, всушност е уверение дека во моментот на издавање на уверението против лицето не се води кривична постапка, што не значи дека порано не бил осудуван.
Неговата казна според Кривичниот законик, како и за сите осудени лице, по законски определен период се брише, но повторно, ова не значи дека во 2002 година не бил правосилно осуден за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци“
Еве ја понудата за градоначалник на Гази баба на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
Ова е уште еден доказ во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промен, тоа е истата криминално режимска матрица од времето на Никола Груевски.
Понудата на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници е составена од старти ликови, луѓе на Груевски луѓе за кои постојат судски пресуди за сторени кривични дела.
Со ваква понуда, ВМРО-ДПМНЕ убедливо губи овде во Гази Баба. Граѓаните на Гази Баба нема да дозволат поранешни затвореници да ја водат општината и да управуваат со народни пари.
Со СДСМ и Борис Георгиевски граѓаните се на сигурно, работата дека има континуитет. Знаат дека проблемите продолжуваат да се решаваат.
На 17-ти октомври со пенкалото во рака да гласаме за бројот 12 и да го одбереме најдоброто. Да кажеме НЕ на криминалот и криминалците од ВМРО-ДПМНЕ.
Во недела граѓаните ќе заокружат 12 за Борис Георгиевски и за советничката листа на СДСМ и Коалицијата, за да продолжи развојот на Гази Баба.“, изјави Биљана Муиќ.