ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Северна Македонија на 64-то место во светот според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда

October 15, 2021 17:28
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија се најде на 64 место меѓу 139 држави на листата според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда за 2021 година, задржувајќи ја истата оценка од 0,54 индексни поени како и при ланската класификација.

Меѓу земјите од регионот од нас подобро рангирани се Словенија на 29-то место со индекс 0,68, Хрватска на 46-то со индекс 0,61, исто колку што има и Грција на 48-то, Косово на 60-то со 0,55, а Бугарија е 62 со индекс исто како и Северна Македонија – 0,54.

Босна и Херцеговина е 72 со индекс 0,52, а потоа со индекс 0,49 Србија и Албанија се рангирани на 81, односно 83-то место, додека најслабо рангирана меѓу земјите од регионот е Турција на 117 место со индекс 0,42.

На врвот на листата се Данска и Норвешка со индекс од 0,9, пред Финска, Шведска, Германија и Холандија, додека најлошо рангирани се Венецуела, Камбоџа и Конго.

Индексот за владеење на правото се одредува врз основа на осум критериуми: ограничување на овластувањата на Владата, отсуство на корупција, отвореност на Влада и почитување на основните права, редот и безбедност, на законот и на граѓанско-правниот и кривично-правниот систем.

Во извештајот се посочува на дека на глобално ниво, се бележи негативен тренд во владеењето на правото, на што дополнително влијаеше и пандемијата со Ковид-19. Извештајот покажува дека состојбата со владеењето на правото е влошена во 95 земји, кои сочинуваат 84,7 проценти од светското население, а е подобрена во 33 држави.

– Со оглед на негативниот тренд во толку многу земји, индексот оваа година треба да биде повик за будење за сите нас, порача извршниот директор на Светскиот проект за правда, Бил Нуком.

Индексот се базира на анкети извршени со 138.000 домаќинства и 4.200 експерти ширум светот.

Next Post

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола во која луѓето се важни

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk