Автобус полн со работници од фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Индустриската зона Жабени кај Битола се преврте утрово во 6.30 часот. Во автобусот биле работници од третата смена кои требало да бидат транспортирани во Битола, пренесе Телма.
Според информациите на Телма, автобусот се превртел на излезот од фабриката.
Според првичните информации во болницата во Битола биле пренесени петмина повредени, но по кратките интервенции биле пуштени на домашно лекување.