Тесна и интересна изборна битка се водеше во Куманово. Исходот е теска разлика меѓу Оливер Илиевски кандидат за градоначалник од СДСМ и поранешниот градоначалник од СДСМ а сега независен кандидат Максим Димитриевски. Коментар за очекувањата даде кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски за Утрински брифинг.
-Неофицијалните податоци покажуваат дека разликата помеѓу нас и Максим Димитриевски ќе бидат околу 100 гласа разлика за едниот или другиот, изјави за Утрински брифинг Илиевски, кандидат за градоначалник на СДСМ во Куманово. Но кога ќе ги собереме гласовите што ги има нашиот коалиционен партнер ЛДП, разликата е над 1.000 за нас, додава Илиевски.
-Димитриевски најголем дел од гласови зема од ВМРО – ДПМНЕ. Затоа сметаме дека таа бројка и ќе остане. Затоа сме уверени дека со гласовите од ЛДП и АА/А во вториот круг сме убедливи победници, додава Илиевски.