„Веселата математика“ на толкувањето на половина празната или половина полната „чаша“ на изборните резултати ќе продолжи и во наредните денови. Впрочем, во многу места следува и втор круг на гласање, па навистина конечниот победник ќе се знае дури за две недели, пишува Орданоски. Во вториот круг сме убедливи победници, Димитриевски најголем дел од гласовите зема од ВМРО – ДПМНЕ, вели Оливер Илиевски, кандидат на СДСМ во Куманово. Изборниот процес го одбележа црната кампања и родово базираниот говор на омраза, вели Дерала од ЦИВИЛ.
ФРОНТ
Дали изборната „чаша“ е половина празна или половина полна, зависи од тоа колку сте жеден.… Изборите, генерално, се одржаа во демократска атмосфера – опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека гласањето било „со многу позитивна енергија“, власта дека сме имале „фер, слободни и демократски избори“ – и покрај разните „превентивни“ постизборни набројувања на случаи на наводен поткуп и притисок врз гласачи, пишува во најновата колумна, Сашо Орданоски.
Дерала: Изборниот процес го одбележа црната кампања и родово базираниот говор на омраза. Имавме ситуација во која ние добивме информација од неофицијални извори дека системот на ДИК не работел во еден момент, подолго време. Исто така, имаме проблем со обуката на избирачките одбори.“, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала денеска на Утрински брифинг.
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021
Во Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Охрид, Гостивар, Струга, Кочани и Гевгелија ќе има втор круг на 31 октомври.
ДИК: Со 82 % обработени податоци за Скопје, Арсовска пред Шилегов, трет Перо Георгиевски. Излезноста е 48,77 проценти.
Заев: СДСМ влегува во 36 општини во втор круг, на крај ќе имаме повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Нема да дозволиме на некого земјата да ја враќа земјата назад, злото се заканува. Кочи Мицко, вториот круг е пред нас, одговори Заев прашан за најавите од опозицијата за предвремени парламентарни избори или ново мнозинство во Собранието.
Николовски: СДСМ победува и води во првиот круг во Град Скопје и во над 25 општини.
Шанса за Центар освои тројца советници во Општина Центар. Со еден советник бевме гласни, а сега со тројца ќе грмиме! Во советот е моќта и ние ќе бидеме вашиот глас и вашата сила таму, објави иницијативата на Фејсбук.
Ќе ги добие ли Кондовски гласовите на Милевски за победа во Битола во втор круг? Зад Милевски е Зоран Лазаровски Паљо, потоа следат Јорго Огненовски и Горан Тасковски.