ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Постизборен ден, во ек „весела математика“, црна кампања и родово базиран говор на омраза

October 18, 2021 12:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

„Веселата математика“ на толкувањето на половина празната или половина полната „чаша“ на изборните резултати ќе продолжи и во наредните денови. Впрочем, во многу места следува и втор круг на гласање, па навистина конечниот победник ќе се знае дури за две недели, пишува Орданоски.  Во вториот круг сме убедливи победници, Димитриевски најголем дел од гласовите зема од ВМРО – ДПМНЕ, вели Оливер Илиевски, кандидат на СДСМ во Куманово. Изборниот процес го одбележа црната кампања и родово базираниот говор на омраза, вели Дерала од ЦИВИЛ.

ФРОНТ

Дали изборната „чаша“ е половина празна или половина полна, зависи од тоа колку сте жеден.… Изборите, генерално, се одржаа во демократска атмосфера – опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека гласањето било „со многу позитивна енергија“, власта дека сме имале „фер, слободни и демократски избори“ – и покрај разните „превентивни“ постизборни набројувања на случаи на наводен поткуп и притисок врз гласачи, пишува во најновата колумна, Сашо Орданоски.

Дерала: Изборниот процес го одбележа црната кампања и родово базираниот говор на омраза. Имавме ситуација во која ние добивме информација од неофицијални извори дека системот на ДИК не работел во еден момент, подолго време. Исто така, имаме проблем со обуката на избирачките одбори.“, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала денеска на Утрински брифинг.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

Во Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Охрид, Гостивар, Струга, Кочани и Гевгелија ќе има втор круг на 31 октомври.

ДИК: Со 82 % обработени податоци за Скопје, Арсовска пред Шилегов, трет Перо Георгиевски. Излезноста е 48,77 проценти.

Заев: СДСМ влегува во 36 општини во втор круг, на крај ќе имаме повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Нема да дозволиме на некого земјата да ја враќа земјата назад, злото се заканува. Кочи Мицко, вториот круг е пред нас, одговори Заев прашан за најавите од опозицијата за предвремени парламентарни избори или ново мнозинство во Собранието.

Николовски: СДСМ победува и води во првиот круг во Град Скопје и во над 25 општини.

Шанса за Центар освои тројца советници во Општина Центар. Со еден советник бевме гласни, а сега со тројца ќе грмиме! Во советот е моќта и ние ќе бидеме вашиот глас и вашата сила таму, објави иницијативата на Фејсбук.

Ќе ги добие ли Кондовски гласовите на Милевски за победа во Битола во втор круг? Зад Милевски е Зоран Лазаровски Паљо, потоа следат Јорго Огненовски и Горан Тасковски.

Во 10 општини избрани градоначалници во прв круг, покажуваат досегашните податоци на ДИК. Во прв круг избрани се: Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Градско со освоени 55,66% од гласовите, Анго Ангов од СДСМ за градоначалник на Дојран со 53,21% од гласовите, Аријан Ибраим од ДПТМ за градоначалик на Центар Жупа со 71,16%.
Илиевски: Во вториот круг сме убедливи победници, Димитриевски најголем дел од гласовите зема од ВМРО – ДПМНЕ. Неофицијалните податоци покажуваат дека разликата помеѓу нас и Максим Димитриевски ќе бидат околу 100 гласа разлика за едниот или другиот, изјави за Утрински брифинг Илиевски, кандидат за градоначалник на СДСМ во Куманово. Но кога ќе ги собереме гласовите што ги има нашиот коалиционен партнер ЛДП, разликата е над 1.000 за нас, додава Илиевски.

Кандидатите на ДУИ и на Алијанса на Албанците и Алтернатива во втор круг во Струга.  Продолжуваме со високо кренати глави и во вториот круг. Неизмерно сме горди на оние илјадници стружани, кои гласаа за нашата понуда. Очајно ќе бараме поддрша во секој дом и во овие две недели, напиша Истефи на фејсбук.

Wikipedia

Заев: Борбата продолжува, бидејќи злото се заканува. СДСМ победува во Карпош, Крушево, Делчево, Богданци, Берово, Пехчево, Маврово-Ростуше Лозово, Конеч, Куманово…и се разбира Скопје. Таму каде што води ВМРО – ДПМНЕ и влегува како прв видете ја структура на гласовите и ќе видите дека коалционите парнтери на СДСМ ги имаат гласовите.

СВЕТ

Првични резултати во Косово: Во 19 општини избран градоначалник во прв круг. Државниот обвинител на Косово објави дека до вчера, на целата територија на Косово, во врска со изборниот процес, биле регистрирани шест случаи на нерегуларности, во кои биле вклучени 14 лица, од кои 13 се приведени.

Гафови на светски лидери при „исклучен” микрофон. Можеби најсочниот од неодамнешните случаи е оној со Џастин Трудо, снимен на кралскиот прием за лидерите на НАТО во Бакингемската палата во 2019 година. Канадскиот премиер францускиот претседател Емануел Макрон, холандскиот премиер Марк Руте, принцезата Ана и британскиот премиер Борис Џонсон беа фатени како разговараат за нивните уникатни искуства со „бомбастичниот“ тогашен американски претседател Доналд Трамп.

И. Т. З. 

Next Post

Куќа во облик на брод се продава за огромна сума на пари

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk