ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Заев со отворено писмо до членството, скоро 70.000 неважечки ливчиња, коридорот 8 ќе биде завршен до 2030 година

October 19, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ го слушна гласот на граѓаните и ќе направи сè да го обедини прогресот.Напред другари. Борбата продолжува, вели Заев во писмото. Одѕивот на неделните избори е 48,99 проценти. Министерот Бочварски го потпиша меморандумот за изградба на Коридорот 8.

ПОЛИТИКА И ИЗБОРИ

Малатa излезност на првиот круг од Локалните избори 2021, најниска од независноста досега, ги „стопи“ гласовите на политичките партии, споредено со локалните избори 2017 година, покажуваат податоците на Државаната изборна комисија. Одѕивот на неделните избори, според веб страницата на ДИК е 48,99 проценти.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев два дена по изборниот ден преку писмо се обрати до членовите на партијата, во кое потенцира дека промените не се доволни и дека борбата не е завршена. Тој дополнува дека СДСМ греши, но учи и се поправа. Писмото на претседателот на владејачката партија ТУКА.

Владата на денешната редовна 113-та седница, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана) со кои е укинато ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти и се дозволува поголема исполнетост на капацитетите и во отворениот и во затворениот дел.

Треба да си ги зацврстиме своите редови, ја сфативме пораката на народот, во текот на вчерашниот ден ги направивме анализите за тоа каде потфрливме и каде треба да реагираме, верувам дека во Карпош живеат луѓе кои знаат кои се реалните ветувања, а не бетонизацијата поради која и беше сменет мојот противкандидат Стевче Јакимовски, изјави за Утрински брифинг, Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Карпош од СДСМ.

Во првиот круг од гласањето за градоначалници на 80 општини на седмите локални избори што се одржаа во неделата на 17 октомври има вкупно 44.833 неважечки ливчиња. На гласањето за градоначалник на Град Скопје, пак, има 15.940 неважечки ливчиња од вкупно 228.473 кои го искористиле своето право на глас.

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните семејства заминаа за Даблин, Република Ирска, како нивно трајно одредиште.

По потпишувањето на Меморандумот за Коридорот 8, министерот Бочварски изјави дека Скопје е силно посветено на изградба на инфраструктурните проекти и оти во шестгодишната стратегија на Владата, земјата ветила 2,7 милијарди евра во нејзиниот развој.

ОПШТЕСТВО

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува јавниот понижувачкиот однос на независниот кандидат за градоначалник за општина Кичево Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ21 и бара јавните чинители да внимаваат на нивниот однос посебно кон жените новинарки во државата. Имено, додека новинарката Салије Садику, известувала за локалните избори во Северна Македонија се соочила со непријатна ситуација проследена со агресивен говор и обвинувања од страна на независниот кандидат од Кичево, Фатмир Лимани кон неа лично и телевизијата ТВ 21.

ЛАЖНИ ВЕСТИ

Вакцинацијата не се одвива под „уцена од фармацевтската мафија“, како што тврди постот, туку имунизацијата против ковид-19 во С. Македонија е на добороволна база. Исто така, ниту една вакцина против ковид не е генетска терапија, бидејќи научно е потврдено дека вакцината не е во контакт со човечката ДНК, која е носител на генетскиот материјал.

ПАНДЕМИЈА

Утре ќе започне скринингот на учениците во 9 средни училишта во Скопје. Во текот на утрешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509 се ревакцинирани, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина.

М. М.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk