ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДВ: Kој освои помалку од 100 гласови на локалните избори?

October 20, 2021 08:26
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Голем број кандидати за градоначалници беа збришани од поголемите партии, оставајќи ги далеку зад себе на листите со освоени само десетици гласови, со што за нив изборната трка започна пред и да почне, пишува Дојче веле.

Триесетина граѓани од Врапчиште на последните локални избори гласаа за Ирфан Шерифи од ДПА. Тоа е 0,31 процент од гласовите во општината, каде на листата води Исен Шабани од Алијанса за Албанците/ Алтернатива со 3.946 гласови. Шерифи е кандидат за градоначалник кој има освоено најмалку гласови на овие локални избори и покрај тоа што зад него стои партија. Неговите 30 гласови, ниту можат да променат нешто во вториот круг од изборната трка на неговите противкандидати, ниту пак можат да ја сменат црно-белата слика на политичката сцена во земјата. Но, Шерифи не е осамен на дното на листата. Триесет гласови на локалните избори во Новаци во првиот круг освои и Васко Наумовски од МЕТ/МНА (Македонска ера трета – Македонски независни листи), со што трката за него е дефинитивно завршена.

Да си ја пробаат среќата 

Бројни независни кандидати и помали партии на последните локални избори во Северна Македонија се обидоа да обезбедат свое место под „сонцето“, но не успеаја да се пробијат на политичката сцена. Повеќе од нив буквално беа збришани од поголемите партии, оставајќи ги далеку зад себе на листите со освоени само десетици гласови, со што за нив изборната трка започна пред и да почне.

Неколкумина кандидати за градоначалници водат рекорди – но не по успешност, туку по најмал број на освоени гласови на последните локални избори.

Неколкумина од нив водат рекорди – но не по успешност, туку по најмал број на освоени гласови на последните локални избори. Зад дел од нив стојат партии, а дел се кандидираа како независни во обид да влезат во локалната власт. Заедничко за сите нив е што имаат освоено, верувале или не, помалку од стотина гласови.

Кои се тие? 

За кандидатот на ДПА, Петрит Клења во Дебар гласаа 37 избирачи, наспроти најуспешниот на листата Беким Поцеста од АА/А кој освои 3 998 гласови. Зоран Веселиновиќ од ПОДЕМ во Дојран доби 51 глас, а Изет Зејнеловиќ од Демократи во Долнени освои само 68 гласови.

И на листата во Кривогаштани се најде кандидат кој има под стотина гласа. Станува збор за Гоце Чируноски од ПОДЕМ, за кој гласале само 60 лица, додека за Игор Граороски од МЕТ/МНА му дале поддршка 106 гласачи.

Во Лозово, кандидатот на ПОДЕМ, Велин Николов има освоено 37 гласови, додека Јовица Анакиевски од ТМРО – 50.

Во Ранковце Михајло Ристовиќ од Интегра освои 45 гласа или 2 % од гласовите во општината. Во Ресен со најслаб резултат на локалните избори е Ресен, Гордана Поповска од МЕТ/МНА – за која гласале 45 сограѓани.

Речиси двојно повеќе гласови освои Сарај Илјир Кроси од ДПА во Сарај – за него гласале 87 избирачи.  Во Центар Ацо Стојановски од Демократи доби 74 гласови,  а во Струга  Лубе Петровски од истата партија освои 174 гласови или 0,68% од гласовите во општината со која раководи Рамиз Мерко.

Бројни независни кандидати и помали партии на последните локални избори во Северна Македонија се обидоа да обезбедат свое место под „сонцето“, но не успеаја.

И познатиот хармоникаш, Горан Алачки одлучи да влезе во трката за избор на градоначалник на Берово. Него го кандидираше Интегра-Македонска конзервативна партија за Општина Берово, но на неделните избори тој освои само 145 гласа и за нијанса беше подобар од противкандидатот Горанчо Крстевски, за кој гласале 93 жители на Беровско.

Овие избори не беа успешни ниту за Ристо Џаков од Богданци кој освои 86 гласа, како и за Димче Петровски од Демократи за кого својот глас го дале 78 избирачи.

Во Гази Баба, само за споредба, ако за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски гласале 17 910 луѓе, неговите противкандидати Ѓорѓи Тодоров од Интегра и Катерина Јовановска  Ивановска од ТМРО освоиле по 544 и 574 гласови. И Катерина Ѓорѓиевска од ЛДП/ДОМ со 154 гласа, тешко можеше да го помине првиот круг од изборите и да се пробие меѓу двајца мажи противкандидати коишто имаат освоено над 1.000 гласови.

Извор: Дојче веле 

Next Post

ДС: Да продолжиме по патот кон ЕУ, на 31 октомври да заокружиме 12 за коалицијата предводена од СДСМ

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk