ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Не е точно дека лекари од Сингапур утврдиле оти ковид-19 е бактерија и се лекува со аспирин

October 20, 2021 12:49
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Постот што се споделува на Фејсбук ја манипулира јавноста дека во Сингапур била направена обдукција на починат пациент од ковид-19 и било констатирано дека не се работи за вирус, туку за бактерија. Станува збор за пост кој се споделуваше и во други држави, а во кој се тврди дека наводно сингапурските лекари откриле интраваскуларна коагулација која се лекува со антибиотици. Ваквите тврдења одамна беа демантирани од министерството за здравство на Сингапур од каде соопштија дека не е направена обдукција, ниту пак, препорачуваат други протоколи на лекување на болни од ковид-19, пишува „Вистиномер“ во новата анализа.

Објавата на Фејсбук, која за неколку дена доби голем број споделувања, ја доведува во заблуда јавноста дека ковид-19 е глобална измама. Во неа се тврди дека сингапурски лекари направиле обдукција на починат ковид пациент, при што констатирале дека не станува збор за вирус, туку за обична бактерија, која, изложена на зрачење, предизвикува згрутчување на крвта. Од таа причина сингапурското министерство за здравство веднаш ги сменило протоколите за лекување, а за да биде поубедлив постот како извор е ставено токму тамошното министерство.

Сингапур стана првата земја во светот што изврши обдукција на тело со C # O # VI # D-19. По темелно истражување, откриено е дека C # o # v # i # d-19 не постои како вирус, туку како бактерија која била изложена на зрачење и предизвикува човечка смрт со згрутчување на крвта. Откако лекарите ги отвориле и внимателно ги прегледале рацете, нозете и другите делови на телото, забележале дека крвните садови се шират и се полнат со згрутчување на крвта, што го попречува протокот на крв, а исто така го намалува протокот на кислород во телото, предизвикувајќи смрт на пациентот. Откако дозна за оваа студија, сингапурското Министерство за здравство веднаш го смени протоколот за лекување на C # o # v # i # d-19 и им даде аспирин на своите позитивни пациенти. Почнаа да им даваат на пациентите 100 мг аспирин и Иморак. Како резултат на тоа, пациентите почнаа да се опоравуваат и нивното здравје почна да се подобрува. Сингапурското Министерство за здравство евакуираше повеќе од 14.000 пациенти за еден ден и ги испрати дома, стои во објавата на Фејсбук.

Истата ФБ објава со идентична содржина изминативе месеци циркулираше и на повеќе јазици за повеќе говорни подрачја посебно во соседна Србија.

Министерстовото за здравство на Сингапур во јуни годинава ја демантираше ваквата објава, истакнувајќи дека не била направена обдукција на ковид пациент, ниту, пак, се променети протоколите за лекување утврдени од Светската здравствена организација (СЗО). Оттаму апелираа до сите изворно да се информираат од нивната официјална интеренет страна, која постојано се ажурира со податоци.

Свесни сме дека кружи порака оти Сингапур извршил обдукција на пациент со COVID-19 и наводни промени во протоколите за лекување. Содржината се припишува на Министерството за здравство – Сингапур. Ова НЕ е точно. ФАКТИ – Сингапур нема направено ваква обдукција. Пораката наведува лажни информации во врска со патофизиологијата на инфекција со COVID-19, која не се појавува со сегашните докази, стои во ФБ објавата на министерството за здравство на Сингапур.

Светската здравствена организација (СЗО) одамна констатира дека причина за ковид-19 е вирусот  SARS-CoV-2, а не бактерија, како што се наведува во ФБ објавата што ја рецензираме. Тоа го потврдија и здравствените власти на САД, Велика Британија, но и од други држави.

СЗО во своите протоколи за лекување објави дека антибитоците не ја лекуваат болеста ковид-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, туку може да се дава на ковид пациенти за да се спречат бактериски инфекции.Тоа го тврди и министерството за здравство на Сингапур.

Аспиринот нема директно влијание врз вирусот што предизвикува Ковид-19. Ако не се чуствувате добор одете на лекар за да бидете тестирани и соодветно третирани, стои на официјалната веб страницата на сингапурското минИстерство за здравство.

Директорката на Светската здравствена организација за глоблана подготвеност од заразни болести,  д-р Силви Брајан во видео објавено на јутјуб каналот на СЗО од октомври 2020 година објаснува кога се дава антибиотик на ковид пациенти.

Употребата на антибиотик при лечење од Ковид-19 нема да помогне, бидејќи станува збор за вирус, а не за бактерија. Но, она што го видовме кај одредени хоспитализирани пациенти, кои добија антибиотици, е за спречување бактериски инфекции, бидејќи некои пациетни се слаби и и кревки и се плашиме дека покрај Ковид-19 може да добијат бактериска инфекција, кажа д-р Брајан.

Сублимирајќи ги сите информации може да се констатира дека објавата која се споделува на Фејсбук е неточна. Сингапур нема извршено обдукција на ковид пациент, ниту има констатирано дека ковид-19 е бактерија која се лекува со аспирин. Од таа причина ниту, пак, ги има променето протоколите за лекување на ковид-19 препроачани од СЗО. Така што ваквата објава ја оценуваме како дезинформација, пишува „Вистиномер“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Во неколку скопски населби се појавија лисици, „Анима мунди“ апелираат: Не се опасни и не напаѓаат луѓе

June 17, 2025

Иранска гарда: Ги погодивме израелскиот воен разузнавачки центар и Мосад

June 17, 2025

Талески: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари во форма на донации земале од осомничените за „Пулс“?

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници открија мистериозни радио бранови кои доаѓаат од под мразот на Антарктикот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марјан Илиевски нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk