Граѓаните во мојата општина покажаа заби и први му се спротиставија на ВМРО-ДПМНЕ кое преку насилство, поткуп и влечење луѓе за уши сакаше да го поништи нивниот избор во 2013 година, истакна Герасимовски. Нашата заложба за бесплатен интернет во секое училиште во Општина Битола е придонес за квалитетно образование на сите деца, посочи Кондовски, кандидат за градоначалник во пресрет на вториот круг од локалните избори во Општина Битола.
ПОЛИТИКА И ИЗБОРИ
Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата им порача на граѓаните дека општина Центар е срцето на градот и лулка на демократијата во нашата земја, а неговите сограѓани центарци секогаш избираат одговорна, транспарентна и демократска власт која ќе работи само во нивни интерес. Сега е време да се обединиме околу една заедничка цел – нашата општина да продолжи напред, истакна Герасимовски.
Воспоставување на нов центар за деца со аутизам е врвен приоритет, истакна министерката Шахпаска на средба со Патриција Ди Џовани, на која се зборуваше за можна соработка во процесот на отворање на нов Дневен центар за деца со аутизам, за кој МТСП веќе обезбеди простор во Скопје.
Кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ, Христо Кондовски најави бесплатен интернет во секое општинско училиште со што ќе се озовможи полесен пристап до платформите за учење. Според Кондовски, сите ученици во сите училишта треба да имаат пристап до платформите за учење на интернет.
Во изминатите четири години го водев Скопје одговорно, чесно и посветено. Мојата единствена мисла беше изградбата на Скопје како модерна европска престолнина. Денес ќе зборувам за недозволивата и срамна црна кампања која против моето семејство и мене ја води ВМРО ДПМНЕ. Кампања на лаги која за жал ја поддржува и мојата противкандидатка. Таа кампања господине Мицкоски и госпоѓо Арсовска е под секое цивилизирано ниво, истакна Шилегов.
ФРОНТ
Кај нас е речиси невозможно да се имаат сериозни резултати на избори без партиска поддршка. Но, исто така е неспорно дека освен партиската поддршка, одлучувачки фактор е и квалитетот на предложените кандидати, а најмногу способноста да се придобијат гласови од партиски неопределените. Па да видиме, колку „тежеа“ кандидатите наспроти листите на партиите и иницијативите што ги поддржаа во првиот круг на Локалните избори 2021, пишува ПЕТРИТ САРАЧИНИ ЦИВИЛ МЕДИА.
EKОНОМИЈА
Растот на македонската економија годинава ќе биде 4,6 проценти, а инфлацијата 2,4 отсто, со тенденција да се стабилизира, покажува најновиот Извештај на Светска банка. Како што беше речено на денешната онлајн презентација, и покрај економското закрепнување се уште постојат ризици, пред се поради бавното темпо на вакцинација во земјата.
ПАНДЕМИЈА
Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот Молнупиравир, единствен лек против Ковид 19. Министерството проактивно стапи во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка.
Мерките за заштита од Ковид-19 никогаш не биле носени од какви било политички одлуки од почетокот на кризата, од лани досега. Секогаш сме гледале низ призма на епидемиологијата, односно што е тоа што може да се препорача, или да се забрани или да се направи рестрикција. Во таа смисла, на следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде дискутирана оваа мерка за неопходност од тоа да се има две дози вакцини, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.
СВЕТ
Пандемијата со Ковид-19 ќе „трае една година подолго“, затоа што посиромашните земји не ги добиваат вакцините што им се потребни, објави денеска Светската здравствена организација. Д-р Брус Ејлвард од СЗО изјави дека тоа значи дека кризата со Ковид-19 може „лесно да се прошири длабоко во 2022 година“.
М. М.