ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска – Ди Џовани: Воспоставување на нов центар за деца со аутизам е врвен приоритет

October 21, 2021 16:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани денеска одржаа работна средба, на која се зборуваше за можна соработка во процесот на отворање на  нов Дневен центар за деца со аутизам, за кој МТСП веќе обезбеди простор во Скопје.

„Поддршката од  УНИЦЕФ  како наш долгогодишен партнер во областа на социјалната и детската заштита би била од големо значење за реализирање на овој проект.  Согласно нашите анализи воспоставувањето на Дневен центар за деца кои се соочуваат со аутистичен спектар е повеќе од потребна. Секоја помош и поддршка е добредојдена. Верувам дека заедно со УНИЦЕФ ќе ги обезбедиме најсовремените модели и искуства од развиените земји кои би ги примениле и кај нас“, рече Шахпаска.

Дневниот центар за аутизам би бил оформен според најсовремениот модел во кој ќе се практикува сеопфатен пристап за личен развој и рехабилитација, кој вклучува специјализирани  третмани и услуги на децата со аутистичен спектар на нарушување. Пристапот би бил индивидуален согласно нивните потреби, но ќе дава и поддршка на родителите на децата со аутизам. Министерката Шахпаска инфомираше дека Министерството ќе се заложи и за зајакнување на постојниот Центар за деца со аутизам во Штип.

На средбата стана збор и за вклучување на децата со оштетен слух и со потешкотии во говорот во детските градинки. Тоа предвидува и обезбедување на употреба на знаковен јазик за да можат децата да бидат вклучени активно во предучилишниот воспитно образовен процес.

Од страна на претставничката на УНИЦЕФ Ди Џовани беше посочено дека ќе биде  обезбедена најсоодветна поддршка за реализирањето на Дневниот центар за аутизам и за инклузија на децата со оштетен слух и потешкотии во говорот.

На состанокот се разговараше и за текот на процесот на воведување на методологијата препорачана од СЗО за проценка на состојбата и потребата на лицата со попреченост, „Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје“.

 

Next Post

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Тениската ѕвезда Ема Радукану, ново лице на „Диор“

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk