ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Шилегов ја повика Арсовска на дебата, каде сака таа, да живее Тајван, нека цркне Македонија

October 22, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Поради честите бегања од дебати, Петре Шилегов ја повика неговата противкандидатка Данела Арсовска да се појави заедно со Шилегов да дебатираат, каде сака таа. Истражувањето продолжува, АКСИОС 2017 не само што се непостоечки набљудувачи, туку и се анкетари. Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 е признание за политиките на соработка и дијалог

АНАЛИЗИ

Истражување (втор дел): АКСИОС 2017, ем „фантомски“ набљудувачи, ем анкетари ?! Да потсетиме, набљудувачите на ЦИВИЛ имаа непријатно искуство со оваа организација на претходните избори, кога, според извештајот, набљудувач на АКСИОС 2017, тогашен претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе, им рекол на набљудувачите на ЦИВИЛ и МОСТ дека не треба да бидат на избирачкото место, бидејќи биле „партиски“, пишува Петрит Сарачини.

Да живее Тајван – нека цркне Македонија. Дечки, ова се локални избори или Игри без граници со народот? Кандидатите напред, а стручните тимови како интенданти кои и самите не знаат каква манџа им подготвуваат на своите лидери. Ме копка едно: Кои се тие стручни тимови кои на мојата комшика од Ѓорче и ја сервираат идеата за 250 нови еко-автобуси?! Знаат ли тие што е автобус, кои се пропратните импликации од ваквата активност и што повлекува една ваква набавка од соништата, пишува Васил Толевски.

ПОЛИТИКА И ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Пендаровски – Шмид: Подготвени сме да дадеме активен придонес во промоцијата на вредностите на ОБСЕ.

Одвојувањето на Северна Македонија и Албанија не зависи од нас, меѓутоа ќе се даде сила повеќе ако се држат заедно, смета Османи. Отсекогаш сум предвидел дека овие процеси се циклични и може да се сменат во обратна насока, изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конферениција со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.

МИА

Антоновски: Да инвестираме во зближување меѓу Бугарија и Северна Македонија. Тоа е посоодветна политика од сегашната стагнација во билатералните односи, вели директорот на МИА Драган Антоновски во интервју за бугарската агенција БГНЕС.

Заев – Шмид: Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 е признание за политиките на соработка и дијалог. На средбата е поздравен придонесот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која дава поддршка и помага изминативе години да се спроведат реформските процеси.

Северна Македонија од 1 јануари влегува во тројката на претседавачи на ОБСЕ, заедно со Шведска и Полска. Очекуваме исполнета и конструктивна агенда и успешно претседавање во 2023 година. Претседавањето со организацијата сериозно ќе придонесе кон зајакнато позиционирање на земјата во меѓународни рамки како конструктивен актер и сериозен придонесувач во зачувување на мирот, стабилноста и соработакта, изјави Османи.

(ВИДЕО) Заев: Граѓаните се чуварите на иднината и тие одлучуваат каква ќе биде иднината на државата. „Откако ќе се одберат членовите на Владата, пратениците, градоначалниците, советите, 4 години одговорноста е кај нив. Сега гајлето за изборите е кај граѓаните“, рече Заев во дебатниот магазин Клик плус на ТВ21.

Бегањето од дебати на Арсовска, потсетува на едно мрачно време за медиумите и државата. Нејзиниот страв потекнува од нејзините сопствени сограѓани за кои нема решение за основните комунални и социјални прашања, а во дебата ова би било повеќе од очигледно. Но, граѓаните имаат право да знаат кој и како ќе управува со градот, кој има или нема реални и остварливи проекти, па затоа Петре Шилегов ја поканува г-ѓа Арсовска на дебата за медиумите, на место коешто таа сама ќе го одреди.

Крива Паланка меѓу 7-те најуспешни локални заедници од Централна и Југоисточна Европа за 2020 година

ЕКОНОМИЈА

Просечната плата во август 28.642 денари, за 4 проценти повисока од лани. Просечната бруто-плата во август 2021 година, пак, изнесувала 42.776 денари.

Продолжува државната поддршка за земјоделските задруги. Достапни се европските фондови, наскоро ќе стартува и ИПАРД 3 програмата, со што се отвораат нови можности и нови средства на располагање, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа на настанот по повод завршувањето на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“.

И. Т. З. 

Next Post

Сепак имало притисоци врз историчарите, ама од Мицкоски, денеска уште еднаш самиот потврди

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk