ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Арсовска продолжува со скандалите, кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ по телефони очајно молат за гласови, МВР со демант за групата на Вибер

October 25, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваме да работиме на создавање на највисоки стандарди за владеење на правото. Продолжуваат предизборните скандали на Арсовска а пак кандидати за советници од ВМРО-ДПМНЕ молат за гласови. МВР со демант за случајот со групата на Вибер. Цените на бензините остануваат исти. Арсовска против најавеното зголемување на минималната плата, Мицкоски очаен.

ПОЛИТИКА, ЕКОНОМИЈА И ИЗБОРИ

Владата продолжува цврсто и одлучно да работи на создавање на највисоки стандарди за владеење на правото и за работа на независниот правосуден систем, објави на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, по повод одбележување на Европскиот ден на правдата, додавајќи дека тоа е нашиот избор за храбри чекори на европскиот пат, кој носи европски стандарди и подобар живот.

Четири нови пензионерски домови најави Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник од општина Центар од СДСМ и Коалицијата. Се проширува и услугата Центар се грижи за возрасните кои ги опфаќа лицата над 60 години и се зголемува помошта за лицата со најниски пензии.

Во јавноста не е изнесен ниту еден доказа за наводно „координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе”, ниту дека Министерството за внатрешни работи на кој било начин е дел од таква операција. МВР нема креирано група на Вибер, демантираат од Министерството и додаваат оти ВМРО-ДПМНЕ шири невистини.

Земјава во август годинава вкупно потрошила 586.691 мегават часови електрична енергија, 36,924 милиони нормални кубни метри природен гас, 413.040 тони јаглен и 112.231 тон нафтени продукти.

Скопје до 2024 без метеж во сообраќајот и урбанизација надвор од централното јадро, истакна Шилегов. Скопје до 2024 година добива брз, еколошки и целосно нов јавен транспорт. БРТ системот е решение кое е одобрено и веќе исфинансирано од ЕБРД, решение кое е прогласено за најеколошкиот начин и најефикасниот систем за превоз на патници од страна на Европската банка за развој, додаде тој.

АХА

Откако премиерот Заев најави дека минималната плата од јануари ќе изнесува 18.000 денари, изворите на АХА од белата палата на вмровците, јавуваат за голем метеж и несогласувања помеѓу кандидатката за градоначалник Данела Арсовска и од еуфорија зафатениот Мицкоски…

СКАНДАЛИ

На Твитер се појави информација дека кандидатка за советничка во Карпош од ВМРО-ДПМНЕ се јавува на граѓани и бара да гласаат за Стевчо Јакимовски и Данела Арсовска. Според објавта на LoLa @LolaOdTreti, кандидатката Елена Домика и се јавила на телефон ( или барем се претставила дека е таа) и барала во недела, во вториот изборен круг да гласа за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ или кандидатите кои ги поддржува оваа партија.

На денешната прес-конференција, Градската организација на СДСМ обелодени докази дека претседателката на ССК Данела Арсовска и овозможила на нејзината мајка Марика Јовановска да стане член на Државниот совет за статистика како предлог на ССК, и да зема по 10.000 денари од седница, изјавија од СДСМ на денешната прес-конференција.

ПРАВДА

Министерот за правда Бојан Маричиќ во пораката до граѓаните по повод Европскиот ден на правдата, напиша дека големиот број чекори кои се преземаа за реформа за судството ги дава резултатите. Според министерот владеењето на правото не засега сите нас и затоа никој не сака да живее во државата каде што правдата не е достапна или таа е само за привилегираните.

ИНФО-ПИТ

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и од ноќеска на полноќ остануваат исти, а на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,633 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 отсто.

МОЗАИК

Сите се запознаени со трагичната приказна за Ромео и Јулија, но што е со онаа на Али и Нино, осудените љубовници кои ја инспирираа колосалната автоматска статуа именувана по нив, која стои покрај морскиот брег на Батуми, Грузија? Ова уметничко дело е базирано врз трагична љубовна приказна за двајца вљубени кои ги разделила религијата.

YouTube video player

М. М.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Вирц потпиша за Ливерпул – рекорден најскап трансфер во Премиер лигата и трет во историјата на фудбалот

June 21, 2025

Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината

June 21, 2025

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk