ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Обелодената шокантна тајна за Данела Арсовска, цената на струјата до крајот на годината останува иста, аплицирани над 1.500.000 дози вакцина

October 26, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Планетариумот ќе биде опремен по најсовремените стандарди истакна Шилегов. Бугарија со висок пораст на бројките на починати и новозаразени. Има ли разлика помеѓу Скопје 2017 и Скопје 2021? Нема потреба од кризна состојба во енергетиката, цената на струјата останува иста до крајот на годината, истакна министерот Бектеши.

ПОЛИТИКА, ЕКОНОМИЈА И ИЗБОРИ

Денес обелоденуваме уште една тајна на Данела Арсовска. Ова е документот кој докажува дека Данела Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство. Вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 ѝ дал на Арсовска бугарско државјанство. Цели 10 години Арсовска има резервна татковина. Од кои побуди г-ѓа Арсовска побаравте бугарско државјанство, праша Славјанка Петровска на денешната прес конференција.

Во моментот нема потреба да се прогласи кризна состојба во делот на енергетиката, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, нагласувајќи дека до крајот на годината нема да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата.

Гласањето во првиот изборен круг на локалните избори 2021 на избирачкото место 0543 во Дебар, за избор на членови на Советот на општината и за избор на градоначалник на Дебар и на избирачкото место 2957/1 во Шуто Оризари, за членови на Совет на општината Шуто Оризари и за Совет на Град Скопје, ќе се повтори.

Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов упати критики кон најавените проекти на неговиот противкандидат Данела Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, тој додаде дека во Скопје сега подобро и помирно се живее за разлика од минатото. Скопје не е вмровски град, Скопје е сплотен град, без тепачки во автобусите, Скопје е на сите, истакна тој. Планетариумот на МКЦ ќе биде опремен по најсовремените стандарди додава Шилегов.

Македонка Икономова-Давчева од Здружението на пациенти заболени од рак „Љубов сме – Jemi dashuri“, преку фејсбук статус го раскажа своето искуство за соработката со локалната власт при надминувањето на предизвиците со кои овие граѓани се соочуваат секојдневно. Икономова-Давчева пишува дека еден од проблемите бил пристапноста во Клиничкиот центар, па кога на осмомартовски марш го забележала градоначалникот Петре Шилегов од името на пациентите со карцином ги споделила нивните маки, по што размениле контакт… Шилегов ни го олесни пристапот до терапија, со него сè е речено-сторено, споделуваат од Здружението за пациенти со карцином.

На виделина е вистината за кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, кажа пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, откривајќи дека Арсовска поседува бугарско државјанство. Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство. Во „Удостоверение“ од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство, вели Петровска.

Државата е целосно подготвена за стабилизирање на цените од енергетскиот шок во Европа, порача Заев. Инфлацијата не очекуваме да биде поголема од три проценти, а според последните податоци кои ги имаме е 2,8 проценти. Не очекуваме зголемена инфлација ни за годинава, ниту за годините што следат до 2026-та. Курсот на денарот е стабилен има и стабилни цени, вели Премиерот.

ФРОНТ

Има ли разлика помеѓу Скопје 2017 и Скопје 2021? 1) Скопје 2017: Град на етнички конфликти во кој се скандира „За Чиста Македонија“, против двојазичност и федерализација, за да не падне режимот на Груевски… пишува ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ.

ПАНДЕМИЈА

Како и во повеќето градови во земјава, така и во Македонски Брод последните триесетина дена стагнира интересот за вакцинација против Ковид-19 и далеку е од периодот пред три месеци кога интересот кај граѓаните беше многу голем.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 7.739 дози вакцини, од кои 748 се аплицирани како прва доза, 1.629 се ревакцинирани, а 5.362 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 25 октомври вкупно се вакцинирани 801.988 граѓани, ревакцинирани се 771.165 а трета доза примиле 15.851 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

РЕГИОН

Бугарија, која има најнизок процент на вакцинирано население во ЕУ, денеска пријави рекорден дневен број на заразени и смртни случаи од коронавирус. Во последните 24 часа во Бугарија со коронавирус се заразени 5.863 лица, а 243 починале, покажуваат официјалните податоци.

М. М.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Николоски: ВРМО-ДПМНЕ ќе има најубедлива победа на изборите, опозицијата ќе движи меѓу нула и три градоначалници

June 20, 2025

Околу три по полноќ со Дурацовски

June 20, 2025

Шпанија бара ослободување од целта на НАТО за 5 % трошоци за одбрана

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ја разобличува авторитарната страна на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk