Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов упати критики кон најавените проекти на неговиот противкандидат Данела Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, тој додаде дека во Скопје сега подобро и помирно се живее за разлика од минатото.
„Се надевам дека Арсовска од МКЦ нема да направи сала Расадник. МКЦ е институција. Тоа е од фундаментално значење за скопјани. Скопје сега е сплотен град, не е важно на која страна на Вардар живеете. Тепачките во автобусите и средните училишта се минато. Скопје не е вмровски град. Скопје е град на сите граѓани“, додаде Шилегов.
Извор: Фактор