ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Постојното парламентарно мнозинство само ќе расне

October 26, 2021 18:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Зоран Заев

Зоран Заев

Share on FacebookShare on Twitter

Оние кои најавуваат ново парламентарното мнозинство по вториот круг од изборите треба да кажат и дали се за Преспанскиот Договор или за Договорот со Бугарија, за ЕУ и НАТО, бидејќи тие се основите за коалицирањето во Парламентот. Постојното парламентарно мнозинство може само да расте, а не да биде променето, вели премиерот Зоран Заев.

Тој на прес-конференција во Владата запрашан дали гледа закана за стабилноста на парламентарното мнозинство, откако Алтернатива ја отфрли можноста дека ќе се приклучи во владиното мнозинство, а БЕСА доби поддршка од Алијанса за Албанците за кандидатите во Тетово и во Желино, рече дека тоа е „легитимно право“.

– Апсолутно не. Локални избори се, легитимно е политичките партии да прават свои партнерства, коалиции и договори за настап во вториот круг од изборите се со конечна цел да успеат со своите кандидати, почнувајќи од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса, БЕСА, Алтернатива и сите други политички субјекти кои учествуваат во вториот круг, порача Заев.

Тој повтори дека коалициите и мнозинството имаат природна причина за нивно создавање, опстојување или расформирање, како и создавање на ново мнозинство.

– Треба да кажат сите кои најавуваат вакви разврски на настаните после вториот изборен круг, ќе бидат за Преспанскиот Договор или за Договорот со Бугарија, за едно општество за сите, за Законот за употреба на јазиците или ќе бидат против. Во суштина е тоа, ќе бидат за ЕУ и интеграциите низ пријателски дијалог и дипломатија или ќе бидат за клинч. На тоа се основаат коалициите и парламентарното мнозинство. Јас тврдам дека парламентарното мнозинство ќе порасне, и ако читате точно што кажа Алтернатива вели „по вториот изборен круг во понеделник ќе биде објавено ново владино мнозинство, па прашајте ги за кое владино мнозинство размислуваат, рече Заев.

Премиерот нагласи дека СДСМ има добра соработка со Алтернатива и има добра перспектива да и служат на државата на евроинтегративниот процес, на процесот на едно општество за сите, а не, како што вели, на национализмот на Алијанса и на ВМРО-ДПМНЕ

На прашањето дали доколку се случи ново владино мнозинство се сигурни ЕУ и НАТО процесите, Заев повтори дека НАТО и ЕУ се главни стратешки приоритети и една од основите за коалицирањето во Парламентот да се одржи и да расте.

– Контра НАТО и ЕУ нема политички субјекти кои што би се приклучиле на ВМРО-ДПМНЕ затоа што нивните политики се контра НАТО и ЕУ, односно кавги со Бугарија, веднаш со Грција, не го употребуваат Северна од уставното име на Република Македонија. Никој ниту на долг, ниту на среден, ниту на краток рок не сака да ја уништи својата политичка партија како политички субјект или својата лична политичка кариера. Така што иднина нема за друго парламентарно мнозинство. Јас се надевам дека ќе порасне тоа парламентарно мнозинство, како што реков, Алтернатива е повредена, потценета и понижена во целиот овој период на нивното коалицирање. Тоа се гледа јасно во Парламентот и секаде, истовремено, дополнително е понижена со тоа што е натерана да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ на овие избори. На крајот и самките гласови на Алијанса и Алтернатива покажува многу и испраќа порака што е одржливо, а што не е одржливо. На сите пресови Беса потврдува дека стои зад мнозинството и сите други политички партии. Така што постојното парламентарно мнозинство може само да расте, а не да биде променето, подвлече Заев.

Во однос на забелешките на ЕК во Извештајот за законските измени на изборното законодавство, донесени во последен момент без дискусија и широки консултации, Заев посочи дека измените биле во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, усогласувани се една година од работна група и се донесени со усогласеност од сите, со речиси двотретинско мнозинство од 78 гласа „за“, два против и само еден воздржан. Дел од измените кои беа претходно усогласени, додаде тој, беа блокирани со амандмани од Левица.

Next Post

Герасимовски: Центар ќе се гради со целосно законско работење, тимови архитекти и мешана советничка листа

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk