ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Бугарите си ја бранат Арсовска, денарот останува стабилен, Мицкоски и Арсовска разговараат за нејзината бугарска лична карта

October 27, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

Бугарски весници ја бранат Арсовска. Шилегов вети дека депонијата Дрисла веќе нема да ги труе скопјани. Денарот останува стабилен, а инфлацијата умерена. Мицкоски и Арсовска вознемирено разговараат околу бугарската лична карта. ВМРО-ДПМНЕ повторно застанува на страната на криминалот саботирајќи тајни полициски акции. Вкупно се аплицирани 1.604.833 дози вакцини, а ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани во државата

ПОЛИТИКА, ЕКОНОМИЈА И ИЗБОРИ

На денешната прес конференција Славјанка Петровска ја објави личната карта на Данела Арсовска издадена од бугарските власти. Арсовска може да се крие зад партиски соопштенија а при тоа да тврди дека е независна, но од вистината бегање нема, нагласи Петровска.

Бугарка вербално линчувана во Скопје е насловот во софиски „Труд“, во текст посветен на случајот со кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, а за која СДСМ објави документи кои, според владејачката партија, се доказ дека таа има бугарско државјанство. Ако Данела Арсовска и Даниела Арсовска се исто лице, тоа значи дека тоа лице доставило документи за своите предци дека на времето се декларирале како Бугари, се наведува во статијата.

Дрисла повеќе нема да го труе Скопје, инвестиравме во здравјето на граѓаните, истакна Шилегов на прес-конференција. Цели девет години, откако ВМРО-ДПМНЕ ја отуѓи Дрисла ништо не беше вложено, нагласи Шилегов. Девет години немаше ниту една инвестиција, а ние за година и пол успеавме да набавиме нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА – иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет.

На вчерашното снимање на едно видео обраќање на кандидатката за советничка Дина Спировска за скандалите околу салата Расадник и Данела Арсовска, се појавил активист на ВМРО-ДПМНЕ кој не дозволувал да продолжи снимањето и дофрлувал до присутните, велат од градската организација на СДСМ, Скопје.

Државната изборна комисија (ДИК) изгласа поништување на одлуката која ја донесе вчера за измена на Упатството за важечки и неважечки ливчиња. Даштевски изјави дека измената на Упатството произлегла од пресудата на Управниот суд за избирачкото место во Шуто Оризари, каде судот констатирал дека е недозволиво гласачките ливчиња да се прогласуваат за неважечки поради пропусти на избирачкиот одбор, односно поради неставање на печат.

ВМРО-ДПМНЕ повторно во одбрана на криминалот, се обиде да саботира тајна полициска акција во Битола. Како што објави и Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден, припадници на единицата „Тигар“ и припадници на СВР Битола вчера уапсиле две лица од Битола кај кои пронашле хероин. Со ваквите потези, со јавно објавување фотографии и имиња на вработени во МВР, ВМРО-ДПМНЕ се стави во директна одбрана на наркодилери од Битола“, се вели во соопштението.

Откако помина речиси целата кампања и на само неколку дена пред вториот изборен круг, господинот Кирил Пецаков се одважи и конечно призна дека неговиот план е Охрид да го врати назад во минатото и дека ќе биде слуга и маша на личните и бизнис интереси на поединци, истакна на денешната прес-конференција кандидатот од СДСМ за втор градоначалнички мандат во Охрид, Константин Георгиески.

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, која себеси уште на почетокот на кампањата се пофали дека имала достигнувања како никој друг во Европа, сепак се „сопна“ на локалните предизвици. Арсовска не запре со гафови ниту по прашањето на инфраструктурата. Таа најави продолжување на булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево, што инаку веќе се реализира. Таа вети и изградба на булеварот „Хрватска“, за што Град Скопје веќе ја собра градежната документација, а понуди се отворени и за продолжување на булеварот „Словенија“, што Арсовска го вети како нејзин проект.

Денарот е стабилен, а ценовните движења се должат на растот на цените на енергенсите на светските берзи по високиот пад минатата година, како и на привремените нарушувања на синџирите на снабдување предизвикани од пандемијата. Ова се промени од привремен карактер, коишто би стивнале до година, а подгревање на инфлациските движења не е потребно, порача денеска вицегувернерката на Народнaта банка, Емилија Нацевска.

ЛАЖНИ ВЕСТИ

Со манипулативен пост се споделени две фотографии од медиумски објави од соопштението од Министерството за здравство, а на една од фотографиите може да се прочита и вистинската информација, а тоа е дека 75 отсто од починатите се невакцинирани. Според податоците од Министерството, сите починати, а вакцинирани, биле хронично болни со една или повеќе болести, а само еден пациент немал хронични болести, но имал 80 години. Се работи за постари лица кои најчесто биле со кардиолошки и белодробни заболувања, дијабет и малигни заболувања.

АХА!

Мицко: Ало Данелче бе, што правиме со пасошов? Кој ти го кажа овој збор „небулози“, нели можеше изрично да пресечeш: немам бугарски пасош“, па нека се сликаат овие нека докажуваат? Вака што направи, сама си пукаш во нога. Нè резилат на социјални мрежи, лом нè сторија.

Данела: Наум ми рече да го кажувам тоа…

ПАНДЕМИЈА

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.089 дози вакцини, од кои 709 се аплицирани како прва доза, 1.148 се ревакцинирани, а 4.232 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 26 октомври вкупно се вакцинирани 802.705 граѓани, ревакцинирани се 772.424 а трета доза примиле 20.119 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

М. М.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ЦУК

Пожарот во дојранско Николиќ опасност да ги зафати околните шуми, Грција испрати два канадери

July 12, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Куќен притвор за едно, а мерки за претпазливост за друго лице вклучени во нападот врз Арсовска

July 12, 2025
Генерирано со ВИ

Реакции на Кошта и европски лидери за царините на САД: ЕУ е подготвена да ги заштити своите интереси

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски не го осуди нападот врз градоначалничката Арсовска: Има институции, ги повикувам да постапуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk