ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Од корона не умираат само вакцинирани лица, 75 отсто од починатите се невакцинирани

October 27, 2021 13:25
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Фото: Принтскрин од ФБ пост

Фото: Принтскрин од ФБ пост

Share on FacebookShare on Twitter

Со овој манипулативен пост се споделени две фотографии од медиумски објави од соопштението од Министерството за здравство, а на една од фотографиите може да се прочита и вистинската информација, а тоа е дека 75 отсто од починатите се невакцинирани. Според податоците од Министерството, сите починати, а вакцинирани, биле хронично болни со една или повеќе болести, а само еден пациент немал хронични болести, но имал 80 години. Се работи за постари лица кои најчесто биле со кардиолошки и белодробни заболувања, дијабет и малигни заболувања, пишува „Вистиномер“ во најновата анализа.:

Фејсбук објавата којашто е предмет на оваа рецензија, ја дезинформира јавноста дека од коронавирусот умираат вакцинираните лица. 

Оваа објава манипулира со соопштението од Министерството за здравство за состојбата со коронавирусот во периодот од 08 до 14 октомври (објавено на 19 октомври), во кое се вели дека од починати 105 пациенти со ковид-19, вакцинирани биле 26 лица.

Во период од 08.10 до 14.10.2021, починале 105 пациенти со Ковид-19, од нив над 75% биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 8.10 до 14.10, вакцинирани биле 26 пациенти починати со Ковид-19.

На објавата се споделени две фотографии од медиумски објави од соопштението од Министерството за здравство, а на една од фотографиите може да се прочита и вистинската информација, а тоа е дека 75 отсто од починатите се невакцинирани.

Па така, сосема е погрешно да се извлече заклучок дека „умираат вакцинираните“, да се споделува на социјалните мрежи и притоа да се манипулира јавноста да добие впечаток дека само вакцинираните умираат.

Од соопштението на Министерството за здравство, и од самите бројки, единствениот заклучок којшто може да се извлече е дека невакцинираните се во поголема опасност од вакцинираните. Токму тоа го потврдува и процентот на починати кај невакцинирани кој е висок и изнесува 75 отсто.

Да, факт е дека помеѓу починатите има и вакцинирани лица и тоа никој не го негира. Ниту една од одобрените вакцини не заштитува 100 проценти и тоа досега никој не го тврдел, но тоа не значи дека тие се неефикасни или дека тие се причина за смртност.

Освен тоа, според податоците од Министерството, сите починати, а вакцинирани, биле хронично болни со една или повеќе болести, а само еден пациент немал хронични болести, но имал 80 години. Се работи за постари лица кои најчесто биле со кардиолошки и белодробни заболувања, дијабет и малигни заболувања.

Делта сојот ја промени, односно ја намали ефикасноста на вакцините, но тие сè уште во најголем број на случаи спречуваат тешка клиничка слика, хоспитализација и смртен исход.

На 31 јули, Центарот за контрола и превенција на болести на САД, истакна дека делта варијантата на коронавирусот е исто толку заразна, како и сипаниците и дека инфекциите кај вакцинираните може да се исто толку преносливи, како и кај невакцинираните.

На 17 септември ЦДЦ објави анализа на неколку студии спроведени во САД и други земји за ефективноста на вакцините против делта варијантата. Во анализата се вели дека од појавувањето на делта сојот, ефективноста на вакцината против хоспитализација се движи од 75 до 95 отсто, а ефективноста против инфекцијата се движи од 39 до 84 отсто – во зависност од регионот. Пред делта сојот, тој опсег се движеше од 84  до 97 отсто ефикасност против хоспитализација и од 72 до 97 отсто ефикасност против инфекција.

Ова особено влијае на имунокомпромитирани луѓе, кои имаат умерено до сериозно ослабен имунолошки систем и се особено ранливи на ковид-19 и можеби нема да изградат исто ниво на имунитет од вакцините, во споредба со луѓето кои не се имунокомпромитирани.

Овие податоци не значат дека вакцините се неефикасни и дека луѓето не треба да се вакцинираат или да се плашат доколку се вакцинирале против коронавирусот. Вакцините, сè уште се единствената заштита од заразување со вирусот и единствената алатка којашто светот ја има за да се избори со оваа пандемија која трае речиси две години, пишува „Вистиномер“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

June 20, 2025

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk