ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
После долги фемкања, и покрај тоа што цела „Средна земја“ знаеше за љубовната врска, конечно Саруман и Саурон го кажаa судбоносното – ДА.
Преку официјално соопштение излезе партијата на Саруман на Фејсбук и испонареди купишта „аргументи“ зошто-како е официјализиран бракот, небаре на некого му се потребни, небре никој не знаеше што следи и дека само прашање на време е кога ќе се официјализираат и фузираат во една брачна заедница од интерес.
Црнокошуљашите од десната тврдина, се споија со црномаицашите од десната левица, баш неколку дена пред одлучувачкиот втор круг од локалните избори. Баш кога влогот не е само локалната власт, туку и во чии раце ќе биде „прстенот“.
Голум им е кум!
Двете кули, што би рекол Толкин – кулата Ортанк во Исенгард каде што чека корумпираниот волшебник Саруман и тврдината на Саурон во Барад-дур, длабоко во мрачните земји на Мордор, се обединија.
Сеедно ми е кој лик ќе ви биде Саруман, а кој Саурон, доволно е да знаете дека бракот постои, а предбрачен договор е „Средна земја“. Знаете, „прстенот“ повеќе нема плашт па да се пикнеме под него, да се скриеме дури не поминат темните коњаници и војските на Мордор. Вилењаците овој пат, нема да ни помогнат. Останавме само ние: хобитите, луѓето и џуџињата, сами да си ја браниме зејата од Орките на Саруман и Саурон.
Потребен ли ни е друг оман за да видиме дека навистина војските им маршираат заедно?
А „прстенот“, заедно ќе го уништиме, за да не можат никогаш повеќе разни Смигли и Голуми да го поседуваат.
Текстот е личен став на авторот.