Како професор по деловно право, тврдам дека госпоѓава Данела го злоупотребува зборот МЕНАЏИРАЊЕ и несоодветно го употребува, пишува на својот Фејсбук профил, професорот Тито Беличанец.
„Градот е локална заедница а не стопанска комора и деловно правно лице. Госпоѓава залутала во област во која појма нема како се управува.
Зборот менаџирање го употреби 348 пати, по правило кога немаше разумен одговор или објаснување на поставеното прашање на водителот како финансиски ќе ги поткрепи мегаломанските ветувања со буџетските средства на градот“, напиша Беличанец.
ФБ статус на Тито Беличанец