ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска – Дуџак: Досегашната соработка со ООН дава одлични резултати, продолжуваме со реализација на заедничките цели, кои значат еднакви шанси за сите, особено за ранливите категории граѓани

October 29, 2021 13:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска имаше работна средба со постојната координаторка на ООН земјава Росана Дуџак, на која присуствуваа и претставниците на дел од Агенциите на ОН.

На работната средба  од страна на министерката Шахпаска беа изложени проектите на кои Министерството работеше изминатиот период, постигнатите резултати, но и приоритетите за наредната година.

Министерката Шахпаска го нагласи значењето на поддршката и соработката која што агенциите на ООН во континуитет ја даваат на нашата земја во унапредувањето на социјалната политика, но и во другите области кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

„Поддршката којашто ја добиваме од Обединетите нации во подготовката и во спроведувањето на реформските процеси во областа на социјалната и детската заштита, како и во делот на работните односи за нас како Влада и Министерство за труд и социјална политика е од огромно значење.

Одличната соработка на реализацијата на заедничките цели во градењето на еднакво општество за сите граѓани, со фокус на ранливите категории продолжува. Позитивните резултати од досегашната работа ни се потврда дека сме на вистинскиот пат “, истакна министерката Шахпаска.

Постојаната координаторка на ООН во земјава, Росана Дуџак, нагласи дека Министерството за труд и социјална политика е еден од главните партнери на специјализираните агенции на ООН. Таа изрази задоволство од досегашната соработка и ја оцени како навистина продуктивна иницијативата на министерката Шахпаска за одржувањето на ваков тип на работни состаноци во кои се вклучени агенциите на ООН.

Тоа, нагласи Дуџак, претставува и одлична можност преку директна комуникација да се изложат резултатите од заедничките проекти, но и плановите за идна соработка.

 

Министерката Шахпаска нагласи дека унапредувањето на правата и условите на лицата со попреченост, зајакнувањето на нивната вклученост во општеството, социјалните услуги на локално ниво, родовата еднаквост, институционалната борба против насилството врз жената и семејното насилство, поттикнување и поддршка на вработувањето на најтешко вработливите лица, зголемување на опфатот на децата во предучилишно воспитување и образование се областите на кои агенциите на Обединетите нации продолжуваат да ги поддржувааат политиките на Министерството за труд и социјална политика.

Министерката Шахпаска посочи дека координативните средби со Агенциите на ООН на квартално ниво стануваат редовна пракса. Во наредниот период тимовите на Министерството за труд и социјална политика и на Агенциите на ООН ќе работат на дефинирање на конкретни проекти кои ќе значат унапредување на политиките во интерес на граѓаните.

 

Next Post

МЗ: Сертификатите за вакцинација се валидни и не се повлечени од употреба

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk