ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шилегов: БРТ е сосема нов концепт, планот на Арсовска е само повеќе од истото

October 29, 2021 21:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во гостувањето во вестите на ТВ Сител, градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов укажа дека и со купување на 250 нови автобуси нема да се реши клучниот проблем со автобускиот превоз во Скопје, и дека нема да стане ниту побрз ниту поефикасен. Најнапред, Шилегов укажа дека не е можно да се купат 250 автобуси веднаш: „Видете – „ќе купам 250 автобуси“ – да купите автобус, тоа е наменско возило, не е обично возило, не е да отидете да купите за 25 денара кило леб во продавница. Само за да ги произведете возилата ви е потребно околу три години.“ Притоа, градоначалникот на Скопје појасни дека за набавка на 33 автобуси МАН постапката траела повеќе од една година.

Потоа, Шилегов го постави прашањето што ќе се добие ако автобусите се пуштат во сообраќај:

„Што ќе добиете? Како ќе се движат? Со која брзина ќе се движат? Како ќе го направат движењето на луѓето поедноставно – или ќе ги оставиме да се движат како сега со останатиот сообраќај? Тогаш вие не можете да зборувате за ефикасен јавен транспорт, за брз јавен транспорт, за еколошки јавен транспорт.“

За разлика од несериозните ветувања за купување на 250 нови автобуси веднаш, Шилегов укажа дека системот за Брз автобуски превоз (Бас рапид системот или БРТ) е сериозно решение, препорачано и од светски експерти: „Бас рапид транзит е сериозно организиран систем за транспорт на луѓе во урбана средина. Не го тврдам јас ова, го тврдат професори од факултетот во Битола, од Лондон, од Брисел, ЕБРД стручњаците за јавен транспорт кажаа „ова е решението за Скопје“.

Откако укажа дека ова е најеколошкиот начин на транспорт, Шилегов одговори на неоснованите напади кон „Бас рапид транзит“ системот: „Па, дури до таму се оди со нападите на системот што не ни знаат. Кога го објавивме тендерот, ја слушнав вчера госпоѓа Арсовска, што ќе било со мостот Обединети Нации – па, го пишува во тендерот – дел од првата постапка е и изградба на нов мост.“

Шилегов констатираше и дека клучните инфраструктурни зафати не се одвиваат брзо и лесно:

„Се што треба е да не се мисли дека работите се одвиваат брзо и лесно. Мост не можете да изградите брзо и лесно. Тунел не можете да изградите брзо и лесно. Систем за превоз на јавен транспорт и луѓе не можете да изградите брзо и лесно.“

Според Шилегов, скопјани препознаваат дека ветувањата за брзо и лесно решавање на проблемите се лажни приказни: „Тоа се флоскули и желби. Меѓутоа, очигледно е дека таму имаме недостаток на разбирање на материјата на градот и сега на луѓето ќе им нудиме лажни приказни. Лажните приказни мислам дека ги имаме оставено зад себе и скопјани тоа го препознаваат.“ – поентираше градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов во гостувањето во вестите на ТВ Сител.

Next Post
Димитар Димитров. Фото: Скриншот

Eтичка анализа на една кандидатура

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk