Повреда на тајноста на гласањето од страна на членови на ИО. На ИМ 0725, Аеродром, во ОУ,,Гоце Делцев,, Лисиче, забележана повреда на тајноста на гласањето од страна на членови на Изборен Одбор, имињата на гласачите се читаат на глас од страна на членови на ИО.
Во Дом на АРМ гласањето почна дури во 9:45 поради проблеми со фингерпринт апаратите.
Во ОУ „25 Мај“ во Гази Баба граѓаните гласаат зад импровизирани паравани направени од хамери. На ИМ 2509/1, во ОУ „26 Мај“, Гази Баба, гласањето започна со тоа што една кутија не беше врзана. По реакцијата на набљудувачката на ЦИВИЛ беше корегериано и ја врзаа кутијата. Во истото училиште на 11 избирачки места има само по 1 параван, а на два избирачки места гласањето започна со импровизирани паравани.
ДИК: До 9 часот илезеноста на изборите 5,25 отсто. Даштевски рече дека технички проблеми имало на едно избирачко место во Кисела Вода, едно во Карпош, на две места во Сарај и едно во Центар. Низ државата технички проблеми имало во Злетово на три места, Македонски Брод, во Лабуништа во Струга и во Чешиново – Облешево. Појасни дека главната причина било тоа што не работеле мемориските картички, се смениле со други, на неколку места имало различни податоци, но биле средени софтверски од ИКТ инженерите.
(ВО ЖИВО) Изборен рапорт на ЦИВИЛ во 10 часот.
Отворени избирачките места, можат да гласаат 1.353.990 граѓани на 2.481 избирачко место. Повторување на гласањето за градоначалник и за совет има на едно избирачко место (0543) во Дебар, а се прегласува и на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари за членови на совет. Управниот суд го поништи гласањето на овие две избирачки места за гласањето од првиот круг на изборите на 17 октомври.
Отворена бесплатна телефонска линија во ДИК. Граѓаните ќе можат да се јават на 0800 555 44 за пријавување евентуални изборни неправилности и повреди на гласачкото право.
Првичните резултати од локалните избори ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа.
Тензично во Кочани, уредник на еден портал се заканува со убивање. Лидер на една политичка партија и пратеник од истата партија заедно со екипа на еден интернет портал го кршат изборниот молк, вршат притисок и се закануваат на Ромите во Кочани, се вели во извештаите од теренот.
ЈО ќе следи евентуални нерегуларности на изборниот процес. Итно и со приоритет обвинителствата ќе продолжат да постапуваат по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите. Добиените известувања веднаш ќе се проследуваат до соодветните основни јавни обвинителства, во насока на проверка на наводите и донесување на одлуки за натамошно постапување, стои во соопштението.
И. Т. З.