ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Повреда на тајноста на гласање, проблеми со фингерпринтите нотира Цивил, втор круг, седми локални избори

October 31, 2021 13:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Повреда на тајноста на гласањето од страна на членови на ИО. На ИМ 0725, Аеродром, во ОУ,,Гоце Делцев,, Лисиче, забележана повреда на тајноста на гласањето од страна на членови на Изборен Одбор, имињата на гласачите се читаат на глас од страна на членови на ИО.

Во Дом на АРМ гласањето почна дури во 9:45 поради проблеми со фингерпринт апаратите.

Во ОУ „25 Мај“ во Гази Баба граѓаните гласаат зад импровизирани паравани направени од хамери. На ИМ 2509/1, во ОУ „26 Мај“, Гази Баба, гласањето започна со тоа што една кутија не беше врзана. По реакцијата на набљудувачката на ЦИВИЛ беше корегериано и ја врзаа кутијата. Во истото училиште на 11 избирачки места има само по 1 параван, а на два избирачки места гласањето започна со импровизирани паравани.

ДИК: До 9 часот илезеноста на изборите 5,25 отсто. Даштевски рече дека технички проблеми имало на едно избирачко место во Кисела Вода, едно во Карпош, на две места во Сарај и едно во Центар. Низ државата технички проблеми имало во Злетово на три места, Македонски Брод, во Лабуништа во Струга и во Чешиново – Облешево. Појасни дека главната причина било тоа што не работеле мемориските картички, се смениле со други, на неколку места имало различни податоци, но биле средени софтверски од ИКТ инженерите.

МИА

(ВО ЖИВО) Изборен рапорт на ЦИВИЛ во 10 часот.

Отворени избирачките места, можат да гласаат 1.353.990 граѓани на 2.481 избирачко место. Повторување на гласањето за градоначалник и за совет има на едно избирачко место (0543) во Дебар, а се прегласува и на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари за членови на совет. Управниот суд го поништи гласањето на овие две избирачки места за гласањето од првиот круг на изборите на 17 октомври.

Отворена бесплатна телефонска линија во ДИК.  Граѓаните ќе можат да се јават на 0800 555 44 за пријавување евентуални изборни неправилности и повреди на гласачкото право.

Првичните резултати од локалните избори ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа.

Тензично во Кочани, уредник на еден портал се заканува со убивање. Лидер на една политичка партија и пратеник од истата партија заедно со екипа на еден интернет портал го кршат изборниот молк, вршат притисок и се закануваат на Ромите во Кочани, се вели во извештаите од теренот.

ЈО ќе следи евентуални нерегуларности на изборниот процес. Итно и со приоритет обвинителствата  ќе продолжат да постапуваат по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите. Добиените известувања веднаш ќе се проследуваат до соодветните основни јавни обвинителства, во насока на проверка на наводите и донесување на одлуки за натамошно постапување, стои во соопштението.

И. Т. З.

Next Post

МВР: Од политичка партија пријавено агитирање и нудење поткуп за гласање во Кочани

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk