ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Потензичен втор круг, евидентирани нерегуларности, зголемена нетрпеливост кон набљудувачите, нотира ЦИВИЛ

October 31, 2021 17:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Групно или семејно гласање (во Бутел на избирачкото место 2919/1 и во Куманово на избирачките места 1017/1 и 1042), агитирање за гласање, пеење народни песни на избирачко место, гласно изговарање на имињата на гласачите. Ова се само некои од неправилностите во текот на вториот изборен круг што ги регистрира ЦИВИЛ денеска до 14 часот.

ЦИВИЛ евидентира и проблеми со фингер апаратите, повреда на избирачко право на лица со попреченост, како и повреда на КОВИД протоколите и непочитување на мерките за време на гласањето (две избирачки места во една просторија).

Како што рече Џабир Дерала на прес-конференција, овој втор круг од локалните избори е потензичен.

-За жал, овој втор круг беше уште пожесток во смисла на црната пропаганда. Политичките опоненти се обвинуваа, служејќи се со највалкани средства во јавната комуникaција. Тоа остави темна дамка на процесот во целост, истакна Дерала, одговорајќи на новинарско прашање.

Според него, прв пат на овие избори е забележана голема нетрпеливост кон набљудувачите. Ако досега имало по седум до десет или 30 случаи кога набљудувачи биле попречувани од избирачките одбори, сега, само во првиот круг се регистрирани 76 такви случаи, што е повеќекратно зголемување.

Дерала соопшти дека во на избирачкото место 2589 во Ѓорче Петров на набљудувачот на ЦИВИЛ му било приговорено дека носи беџ без име и презиме иако според кодексот објавен на ДИК, стои дека е доволно набљудувачите да носат беџ од органзиацијата и лична исправа.

Во ОУ „Пенко Здравковски“ во Бутел, пак, на избирачкото место 2919, неовластено лице без ознака и идентификација се обдидело да легитимира набљудувач на ЦИВИЛ, но ова недоразбирање е, сепак, надминато.

-За да се попречи набљудувањето или од незнаење се бараат нови и нови работи од нашите набљудувачи и тоа не е демокртатски и упатно, ние сме тука да помогнеме во изборниот процес, подвлече Дерала.

Во однос на нерегуларностите, Дерала наведе неколку случаи: во Кочани во градинка, на избирачко место 0835 гласач јавно го покажал ливчето пред да го пушти во кутијата и јавно кажал за кого гласал, набљудувач на политичка партија на избирачко место 1786 во Ново Село разговарал гласно и давал насоки на некого – „да дојдете да гласате со сестра ти“,  во село Лескоец на и.м. 1307, гласач пеел народни песни, а потоа почнал да се обраќа недолично кон лицата на избирачкото место, во Демир Капија во село Барово на 1248 гласачки параван за лица со попреченост бил поставен на прозорецот како заштита од сонце./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
МИА

МВР: Била на гласање со решение за самоизолација, лице во Кочани било агресивно

НАЈНОВО

Марковски најави спортско-рекреативен зелен појас низ Скопје

October 4, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

October 4, 2025

Марш за Палестина во Скопје: „Нема да молчиме пред геноцидот“

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk