ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ДКСК: Директор на ЈП, самиот си се вработил во истото ЈП со помош на градоначалникот и в.д. директорот на ЈП

November 1, 2021 13:40
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на седница разгледуваше прв случај – предмет пристигнат кај нив, на вработување кога едно лице директор во Јавно претпријатие се вработува самиот себе, во истото ЈП. Антикорупција ќе покрене иницијатива за кривична одговорност пред Јавното обвинителство за повреда на член 353 од Кривичниот законик, односно иницијатива за утврдување одговорност. Пред новиот градоначалник и на новиот Совет на општината ќе достави иницијатива за одговорност на директорот и на в.д. директорот на Јавното претпријатие.

ДКСК по разгледување на документите кои им се доставени и, како што рече Катица Николовска, член на Антикорупција, која го образложи овој предмет, недвосмислено упатуваат на  планирано сценарио, но и одредбите од Законот за спречување на корупција, директно ги поврзува како злоупотреба на службена положба за остварување корист за себе или за друг.

Таа појасни дека директорот за себе обезбедил корист на начин што си се вработил во јавната администрација, а в.д. директорот на ЈП и градоначалникот користејќи ја својата функција и положба, обезбедиле корист за друго лице односно за актуелниот директор.

На денешната седница на Антикорупциска, Николовска информираше дека директор на Јавно претпријатие користејќи ја својата положба како директор, обезбедувал услови преку јавен објавување оглас за вработување на стручно лице во јавната администрација на ЈП, да си обезбеди за себе работно место, така што после завршувањето на неговиот мандат како директор, би можел да се врати во институцијата како вработено лице.

– Симптоматично беше што директорот на ЈП дава оставка од функцијата директор, се бира в.д директор, па понатаму оди конкурс за избор на јавни службеници, па после повторно оди конкурс за избор на директор. Сето тоа би било во ред доколку, како главна улога во сета таа постапка не е едно исто лице односно директорот во ЈП, рече Николовска, член на ДКСК.

По поднесната оставка, подвлече Николовска, градоначалникот на таа општина, согласно Законот за јавни претпријатија, од редот на вработените избира заменик директор и тој објавува конкурс за избор на стручно лице во јавната администрација, а условите и се други е предвидено со правилникот и со актите. Самата постапка нема слабости, потенцира таа, се е согласно законите и роковите, комисијата за селекција го избира кандидатот – директорот.

Извесно време по завршување на постапката на процедурата за избор на јавен службеник, се објавува конкурс за избор повторно на директор на ЈП, бидејќи в.д. е најмногу шест месеци. И сето тоа би било добро, наведе Николовска, доколку стариот директор, сега јавен службеник, не се јави како единствен кандидат за директор и градоначалникот го бира него повторно за директор на ЈП.

– Сето тоа е регистрирано во Агенција за вработување, актите се донесени, в.д. директорот повторно се вратил во редот на вработените во ЈП и што би рекле и волкот сит и овците на број, така што актуелниот директор кога ќе му престане мандатот, има можност да си се врати како редовен вработен во јавната админситрација на ЈП, појасни Николовска.

Режирано и за срамота, филм за деца, рече членот на ДКСК, Нури Бајрами. – Да се поднесе иницијатива за уште еднаш ова да не се повторува на ваков начин, додаде тој.

извор: МИА

Next Post

МЗ: Вкупно се аплицирани 1.611.685 дози вакцини, а ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани во државата

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk