ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска на Утрински брифинг: ВМРО ДПМНЕ нема, а мора да има јасен став за Преспанскиот договор

November 2, 2021 11:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлука да не се користи уставното име  ВМРО – ДПМНЕ како партија ќе треба да ја образложи и нормално да сноси некаков вид на политички санкции би рекла. Популистичка е таа одлука, тоа што се случи вчера. Тоа покажува дека во ВМРО – ДПМНЕ ништо апсолутно не е променето ниту пак е реформирано, рече пратеничката Славјанка Петровска во гостувањето на “Утрински брифинг”.

-Однесувањето на ВМРО – ДПМНЕ во изминатиов период и пред кампањата и во текот на кампањата, а и сега покажува дека тие се далеку од реформирање, а и далеку од ЕУ.  Тие ризикуваат да предизвикаат во државата отворање на дополнителни прашања за кои мислам дека ниту еден модар и рационален политичар не би го направил истото. Кога сакате и мислите добро на државата не се враќате назад туку одите напред. ВМРО – ДПМНЕ треба да даде изрично јасен одговор, кој е нивниот став по Преспанскиот договор. Тие ќе треба да објаснат што значи тоа нема враќање назад, појасни Петровска.

Според неа коалиционите партнери застанале зад оваа актуелна Влада и потврдиле дека таква Влада и е потребна на нашата држава.

-Периодот кој што претстои,  генерално гледајќи ги случувањата на светската сцена, најавуваат сериозни проблеми и во енергетиката, но и во економијата кој се одраз на она што ни се случуваше изминатата година со Ковид – 19 и од тука сме поприлично внимателни со процесуирањето на сите одлуки, појасни таа.

Според Петровска одлуката која што претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев ја соопштил вечерта по соопштувањето на изборните резултати, е негова лична одлука.

-Ние како партија секако дека ја почитуваме неговата одлука, но престои период во кој што таа одлука ќе треба да биде дискутирана во рамките на органите на партијата. Меѓутоа, веќе вчера како што можевме да видиме од медиумите започнаа разговорите со коалиционите партнери, главната порака која ја испратија коалиционите партнери е дека постои стабилно владеачко мнозинство. Ова не го кажувам само за да ја демотивирам опозицијата затоа што најавуваат обиди за преговори за ново мнозинство, туку затоа што сакаме да упатиме порака кон граѓаните дека имаме стабилно мнозинство и дека ниту со еден чекор не сакаме да предизвикаме било какви политички турбуленции во нашата држава или да речеме политичка или економска криза, појасни Петровска.

Д. Е.

Next Post

МНР: Општините и советниците доследно да го применуваат уставното име на државата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk