ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ФЕМИНА

Завршува проектот „Women’s Entrepreneurship CoAches training“

November 3, 2021 13:16
in ДЕНЕС, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Завршува проектот „Women’s Entrepreneurship CoAches training“ (2019-1-FR01-KA204-062215), по две години успешна имплементација, соопшти Центарот за управување со знаење.

„WECAN“, посочуваат, беше проект за стратешко партнерство кофинансиран од програмата Еразмус + на Европската комисија. Проектот имаше за цел да ја подобри позитивната перцепција на жените за нивните вештини за да започнат нов бизнис преку коучинг патување во кое жените тренери со релевантно претприемачко искуство ќе им покажат што всушност е потребно за да се биде претприемач.

За време на проектот, преку развој на иновативни алатки и следење на ажурирани методологии, партнерите успеаја да го зајакнат претприемачкиот капацитет на жените со приспособена коучинг програма.

Главните резултати од проектот вклучуваат: – Развој на WECAN методолошки водич за обука на жени во смисла на иницијатива и претприемништво. Методолошкиот водич е теоретска алатка која ги поддржува жените претприемачи да станат обучувачи. Водичот ја дефинира и опишува WECAN методологијата за тренирање и се заснова на четири столба: Употреба на неформални и неконвенционални практики и пристапи за ангажирање со жени без работа, Разбирање на поимот коучинг како неформален и креативен пристап за учење кој може да го подобри учеството на жените во економскиот живот на општеството во кое живеат, Воведување на трансверзалните компетенции на Европската референтна рамка за доживотно учење (ERF), Разработка на EntreComp Framework како главна референтна рамка за развој на претприемачко знаење, вештини и ставови применливи во сите сфери на животот.

Потоа, развој на WECAN наставната програма и WECAN тренинг алатките кои вклучуваат иновативни материјали за обука и го сочинуваат WECAN пристапот за WECoaches, оспособувајки ги да го применат основниот модел и да го прилагодат на нивниот контекст и потреби за учење. Наставната програма е структурирана во четири модули: Надминување на предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачи, Развивање и одржување на бизнис со Lean и Agile алатки, Подобрување на меките вештини за комуникација, вмрежување и продажба, Социјално претприемништво, социјален претприемач во XXI век.

Развој на WECAN пакетот за е-учење и платформата за е-учење кои овозможуваат пристап до WECAN наставната програма. WECAN платформата за учење е домаќин и на WECAN наставната програма и на WECAN пакетот алатки за обука и е отворена и бесплатна за сите заинтересирани учесници, со едноставна регистрација. Партнерите на WECAN успеаја да разменат искуства и соработуваа во развојот на корисни алатки за поддршка на женското претприемништво не само во нивните земји, туку и низ Европа.

Преку напорна работа и меѓусебно разбирање успеаа да ги постигнат конкретните цели на проектот што требаше да се: Развој на основни и трансверзални претприемачки вештини, користејќи приспособена програма за тренинг, Зголемување на чувството за иницијатива и претприемачки начин на размислување кај потенцијалните жени или млади претприемачи, Промовирање на неконвенционално и неформално учење за изградба на самодоверба, сопирање на бариерите и поттикнување возрасните жени без работа, Развивање на програма за коучинг која ги подобрува и тренерите и менторираните, развивајќи нови и креативни алатки кои ќе го подобрат искуството за учење на менторираните и коучинг вештините на искусни жени претприемачи и Отворена европска област за образование и обука благодарение на употребата на иновативни ИКТ, отворени образовни ресурси (ООР) во рамките на е-платформата која ќе биде слободно достапна.

– WECAN ќе продолжи да се развива и неговите партнери се посветени да продолжат со нивната работа бидејќи нашата идна цел е да го зголемиме квалитетното образование за возрасни, за невработени жени и да обучиме нови тренери со современи и релевантни методи и алатки за поддршка, зајакнување и охрабрување на претприемничката активност на жените, се наведува во соопштението.

Центарот за Управување со Знаење е истражувачки центар формиран во 2008 година, со цел да ги зајакне и подобри процесите на управување со знаење во сите општествени области во земјава и регионот на ЈИЕ. Центарот покрива широка палета на активности која се спроведува во соработка со граѓанскиот сектор, државните институции и деловната заедница. Визијата на Центарот е да прерасне во активен учесник во институционалниот и економскиот развој на земјата и регионот.

извор: МИА

Next Post

Раст на глобалната продажба на цигари

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk