Мицкоски немаше да бара предвремени избори да имаше обезбедено парламенрано мнозинство, смета Калевска-Ванчевска. Оставката на премиерот Зоран Заев предизвика шок кај сите нас, вели Герасимовски. Од тестирани 1.323 ученици во средни и основни училишта, само 6 се позитивни. 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана.
ПОЛИТИКА, РИГИОН
Не гледам никаков ризик на повидок за илез на Северна Македонија од иницијативата Отворен Балкан доколку дојде до проемна на власта во земјата како резултат на локалните избори, одговари на новинарско прашање вицепремиерот Никола Димитров.
Калевска-Ванчевска: СДСМ има стабилно мнозинство, да го обезбедеше Мицкоски немаше да бара предвремени избори
Оставката на премиерот Зоран Заев предизвика шок кај сите нас. Тоа е негова лична одлука иако голем дел од нас не се согласуваат со неа. Во партијата нѐ очекуваат внатрепартиски избори, но не треба да се брза за да не настанат грешки во носењето одлуки, вели градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими амбасадорот Дерек Мичел, претседател на Националниот демократски институт. Продолжува поддршката на НДИ за демократизација на земјата.
Шекеринска од министерскиот состанок на СЕДМ: Заедничките предизвици бараат заеднички одговор. Таа истакна дека најважната научена лекција од сите кризи со кои се соочи регионот е дека ниту една земја не може самостојно да се справи со нив, колку и да е опремена.
Србија, Албанија и Северна Македонија ќе формираат Совет за имплементација со цел што поскоро да се забрза протокот на стоки, услуги, луѓе и капитал и да заживее системот на единствени работни дозволи за граѓаните на трите земји на почетокот на 2022 година, изјави Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора Србија (ПКС) по состанокот на иницијативата Отворен Балкан.
Бугарското вето за Северна Македонија е и вето на европската политика на Балканот, изјави вицепремиерот Никола Димитров на новинарско прашањ на прес-конференцијата по состанокот на иницијативата Отворен Балкан
ПАНДЕМИЈА, ХРОНИКА
Од тестирани 1.323 ученици во средни и основни училишта на подрачјето на ЦЈЗ Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид, 725 се основци од 1 до 9 одделение, а 598 се средношколци. Од нив само 6 основци биле позитивни на Ковид 19, а 1317 ученици биле негативни на тестот.
Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37% од популацијата во државата примила две дози вакцина.
СВР Куманово поднесе кривична пријава за лихвар од село Oпае. За заем од 1.500 евра барал 90.000 евра.
КУЛТУРА, СПОРТ
Продолжен рокот за поднесување на пријавите на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година, информираат од Министерството за култура.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, истакна дека е презадоволен од синоќешното издание на неговите фудбалери, кои со триумфот на домашен терен од 2-0 над Атлетико Мадрид обезбедија пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони.
Ј. Ѓ.