ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска од министерскиот состанок на СЕДМ: Заедничките предизвици бараат заеднички одговор

November 4, 2021 12:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Пандемијата климатските промени кои резултираа со природни катастрофи како пожарите и поплавите ја одбележаа последната година. Лажните вести и дезинформации кои го оптоварија целиот регион, мигрантската рута која минува низ нашиот регион, хибридните и сајбер заканите – ниту едно од овие прашања нема да се реши само од себе“, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска во своето обраќање пред министрите за одбрана и високите претставници на земјите – членки на иницијативата СЕДМ, на денешниот министерски состанок во Скопје.

Министерката повика на акција и на лидерство во секоја од земјите од регионот затоа што заедничките предизвици бараат заеднички и здружен одговор.

Шекеринска истакна дека најважната научена лекција од сите кризи со кои се соочи регионот е дека ниту една земја не може самостојно да се справи со нив, колку и да е опремена.

„Ова лето и Северна Македонија беше погодена од пожари. Ги активиравме не само цивилните, туку и  армиски сили за гаснењето на пожарите, нашите армиски хеликоптери беа секојдневно на терен, дававме се од себе, ги дадовме на располагање сите армиски капацитети, но тоа не беше доволно да се заузда огнената стихија. Да не беа нашите пријатели од Словенија, Србија, Романија, Бугарија, Австрија и Црна Гора, последиците од огнената стихија ќе беа значително поголеми“, рече министерката и упати благодарност за брзата реакција и искрената поддршка во справувањето со пожарите.

Во однос на интересот на Северна Македонија за засилена регионална соработка, министерката Шекеринска истакна дека членството во НАТО, никогаш не значеше дека државата ќе го изгуби интересот за соседите и поширокиот регион.

„Денешната средба е директна потврда за нашиот заеднички интерес да создаваме и развиваме пријателства, да ги јакнеме нашите институционални врски и довербата помеѓу нас“, истакна министерката Шекеринска.

Претседавачот со СЕДМ иницијативата, Пламен Јорданов во своето обраќење упати благодарност до нашата земја и до министерката Шекеринска за организацијата на состанокот. Јорданов се осврна и на целите за време на претседавањето на Софија со СЕДМ иницијативата како што се промоцијата на заедничката соработка,  разбирањето помеѓу земјите-членки, придонесот кон мирот и безбедноста во регионот, зајакнувањето на капацитетите и интероперабилноста на СЕЕБРИГ, соработката со меѓународните организации, ОН, ЕУ НАТО и ОБСЕ и проширувањето на СЕДМ со нови членки.

Состанокот на СЕДМ чиј домаќин е Северна Македонија ги собра на едно место министрите и претставниците на одбраната од земјите на Југоисточна Европа.

 

Next Post

Калевска-Ванчевска: СДСМ има стабилно мнозинство, да го обезбедеше Мицкоски немаше да бара предвремени избори

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk