ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска-Тонин: Програмата „Берово” почнува со обука на 40 македонски пожарникари во Словенија

November 4, 2021 14:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Радмила Шекеринска денеска во рамки на состанокот на СЕДМ имаше билатерална средба со словенечкиот колега, Матеј Тонин.

На средбата е договорено таканаречената програма “Берово”, која ја покрена министерката и која е именувана според подрачјето кое беше најмногу погодено од пожарите, да почне со обука на 40 пожарникари во Словенија, на кои ќе им биде обезбедена и пожарникарска опрема. Обуката, би се одвивала во фази и ќе продолжи и во наредните години.

Заблагодарувајќи се на прифатените идеи за соработка во кризниот менаџмент, министерката ја истакна важноста на регионалната соработка. “Вашето учество на денешниот состанок освен што е важно за регионот, има и европска компонента бидејќи Словенија е земја претседавач со Советот на ЕУ. Заедничките проекти што ги работиме, како што е програмата “Берово” се многу позначајни бидејќи се практична демонстрација на соработката а не само потпишување документи”, рече Шекеринска.

Министерот Тонин посочи дека стратешката соработка ќе значи и експертска поддршка за која македонската страна треба да ги истакне потребите. “Ја имате нашата целосна поддршка и сега и во иднина како за зајакнување на кризниот менаџмент така и за европските аспирации. Можете секогаш да сметате на нашата поддршка”, подвлече Тонин.

На средбата стана збор за договорот за стратешка соработка кој е пред финализирање, учеството на Северна Македонија во словенечкиот контингент ва засиленото НАТО присуство во Латвија, и за други прашања од одбранбената соработка на двете земји.

 

Next Post

Швајцарската програма за претприемништво Свивис Ер: ФИТР е пример за функционална владина поддршка

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk