ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Петров: Инвестициите на „X Фактор” Акцелераторот покажуваат големо раздвижување во стартап екосистемот

November 5, 2021 14:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Коста Петров денеска го посети „Х Фактор” Акцелераторот во Велес за да се запознае со неговите тековни активности и планираните инвестиции за наредниот период.

Х Фактор, заедно со Деловно-технолошки акцелератор УКИМ ДОО Скопје и Сеавус Акцелератор, е еден од трите акцелератори во државата и првиот надвор од главниот град, поддржани од ФИТР преку Светска Банка, кои добија финансиска поддршка во износ од 2 милиони евра преку Јавниот повик за финансирање на технолошки акцелератори со цел побрз развој на иновативните идеи, валидација на пазарот но и градење на скалабилни и одржливи бизнис модели кај македонските стартапи.

„X Фактор” Акцелераторот оваа година реализираше три инвестиции во македонски стартапи со вкупен износ од 300.000 евра. Последната инвестиција на Акцелераторот од 100.000 евра е во македонскиот стартап „Brummel”, компанија која стои позади првото сако наменето за мотоциклисти во светот. Компанијата е основана од страна на Нино Карас и Нина Левиќ и веќе има свои претставништва во Скопје и Њу Џерси.

-Навистина сум горд што „Х Фактор Акцелераторот” продолжува да биде место кое го стимулира развојот на иновативни стартапи и покажува дека Република Северна Македонија е на добар пат да биде стартап хаб во регионот. Трите инвестиции на Акцелераторот покажуваат дека акцелераторските програми се клучни за развојот на македонскиот стартап екосистем но и дека македонските стартапи сериозно работат на својата инвестициска подготвеност. Овие инвестиции ја покажуваат и важноста на поголема инволвираност на приватните инвеститори и бизнис ангелите во македонскиот стартап екосистем, изјави директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Земајќи го предвид новиот хибриден Инвестициски Фонд кој ќе се фокусира на инвестиции во македонските стартапи од 100 илјади до 1,5 милиони евра, но и речиси двојно зголемената помош за македонските стартапи планирана за 2022 година, во ФИТР во финални подготовки е новиот повик за поддршка на акцелератори преку кој ќе се финансираат три нови акцелераторски програми со фокус на инвестициската подготвеност за стартапи. Новиот модел на финансирање на акцелератори ќе вклучува и стимулирање на влез на приватен капитал во македонските стартапи преку модел „евро за евро”, односно на секое евро инвестирано од страна на приватен инвеститор во најуспешните стартапи од акцелераторските програми, Фондот ќе инвестира дополнително едно евро.

Според ФИТР, новиот повик за поддршка на акцелератори е планиран во првата половина на 2022 година.

извор: МИА

Next Post

Ахмети: Сметам дека Беса нема да ја напушти Владата, таквиот потег нема да биде од полза на партијата

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk