На иста маса седнале претставниците на анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-Преспа и анти-демократските структури во земјава, учесниците во крвавите дејствија од 27 април, заедно со оние кои декларативно се залагаат за евро-атлантскиот курс на земјата и тепани на истиот 27 април, Денарот останува стабилен
ПОЛИТИКА, ПАНДЕМИЈА
Лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот фејсбук профил објави дека е во постојана комуникација со сите политички партии освен со оние кои се против Охридскиот договор и евроатлантската иднина на земјата, со цел менаџирање на состојбата создадена по оставката на премиерот и лидер на коалицискиот партнер СДСМ Зоран Заев.
Народот виде како на иста маса седнале претставниците на анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-Преспа и анти-демократските структури во земјава, учесниците во крвавите дејствија од 27 април, заедно со оние кои декларативно се залагаат за евро-атлантскиот курс на земјата и тепани на истиот 27 април – соопшти СДСМ, во своето обраќање доцна навечер (5 ноември).
Засега, според здравствените власти, нема рапиден раст на бројот на новозаболени од вирусот Ковид-19 и предлози и препораки од Комисијата за заштита од заразни болести. Епидемиолошката состојба се следи и врз основа на тоа ќе се носат препораки за натамошно спречување на ширење на вирусот.
Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов во вечерашното гостување на ТВ21 рече дека за него е неприфатливо да се прави „трансфер“ од една на друга страна од власта, мислејќи на потегот на Беса, која ја напушти досегашната власт и формира ново парламентарно мнозинство заедно со ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса/Алтернатива и Левица.
Ние како опозициска партија и коалиција нормално е дека се потпишавме и вечерва сите заедно и направивме една фотографија, за да докажеме дека потписите се собрани. Како ќе тече понатаму процесот, ќе видиме. Очекуваме да видиме како ќе реагираат другите, рече Гаши во изјава за ТВ Сител пред Собранието.
Секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот за човекови права, а нивното извршување го следи Министерствиот совет, наведува првиот човек на ЕСЧП. Нема пресуди во Стразбур против Северна Македонија за дискриминација на Бугари, порачуваат од Скопје.
ЕКОНОМИЈА
Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија на „ББ +“, со негативен изглед. Во извештајот,„Фич“ нотира дека потврдениот рејтинг во услови на пандемија е резултат на спроведувањето добри политики на владеење, развојот на човечкиот капитал, како и кредибилната и кохерентната макроекономска и финансиска политика конзистентна со долго одржуваниот фиксен девизен курс.
Денарот останува стабилен – фиксниот курс е клучно сидро на стабилноста на македонската економија. Девизните резерви достигнаа 3,7 милијарди евра во септември и со оглед на добрата надворешна позиција, очекуваме дека ќе бидат стабилни и во 2022 и 2023 година, одржувајќи соодветна покриеност.
В.К