Мицкоски потврди дека го интересира само власт, нема ниту политичка идеја, нема вредности, нема платформа за делување, Нѐ измамија, ќе го повлечам потписот, Ова е уште еден голем театар
ПОЛИТИКА
Еден од 12 пратеници на АА-ААА, со кого разговараше ТВ21, се очекува да го повлече својот потпис од „новото мнозинство“, кое в петок го најави Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ. Двоумењата кај дел од албанските пратеници околу новото мнозинство се однесуваат на ставовите на Левица, кои не се совпаѓаат со нивниот политички профил.
Една од најрадикалните политички структури во земјава, која се залага за напуштање на НАТО сојузот и е отворено против евроинтеграциите е една од клучните партии од новото парламентарно мнозинство на Христијан Мицкоски. Левица предводена од Димитар Апасиев сепак се присоедини во коалиција на чие чело е ВМРО-ДПМНЕ, иако пред само две недели Апасиев се спореди со кубанскиот лидер Фидел Кастро, најавувајќи дека ќе ги следи неговите политички чекори.
Горан Герасимовски, градоначалникот на општина Центар изврши увид во 5-та фаза од градежните работи на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало која треба да стане првата смарт зона, со смарт паркинг и паметно осветлување.
За лидерот на ДПА, Мендух Тачи, објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека заедно со пратениците од Алијанса за Албанците/Алтернатива, БЕСА и Левица формирал ново парламентарно мнозинство е само уште еден голем театар. Според него, овие партии немаат моќ да ги предводат политичките процеси во државава.