Па колеги новинари, како се чувствувате кога овој човек ве нарекува „срамота“ и „оркестрирани“? Кога ги нарекува вашите прашања смешни?
И кога ви вели „имате ли други прашања“, а вие си молчите?!?! И кога во лице ве гледа и ви вели „смешни ви се прашањата, смешни ви се прашањата…“
Не ми се верува дека е ова состојба на „заробен ум“ зашто до пред две недели имавте соговорник чии што прес конференции траеја со часови, без да биде неодговорено ниту едно прашања, кој поттикнуваше и охрабруваше да поставувате прашања зашто тоа го бара вашата професионална одговорност, а тој тоа го почитуваше, и велеше дека секое прашање е резултат на слободата што ја освоивме сите заедно…
Извинете, ама ако не знаевте – #НеСеСитеИсти
фејсбук објава од Бојаровски