ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонија со 7.836 активни случаи на ковид-19, земјите од регионот со нови рестрикции

November 7, 2021 09:42
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија има вкупно 7.836 активни случаи на ковид-19 во моментот, откако вчера беа регистрирани 601 нов случај на заболени. Согласно последниот извештај на Министерството за здравство (МЗ), досега во земјата се направени 1.404.750 милиони тестирања за коронавирусот, а вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 205.623. Оздравени се вкупно 190.570 пациенти, а починаа 7.217 лица.

Вчера беа пријавени 601 нов случај на инфекцијата од 4.501 направени тестови. Во дневниот пресек беа заведени и 304 оздравени пациенти и 13 починати лица. Најмногу новозаболени повторно има во Скопје, каде вчера беа регистрирани нови 217 случаи. Потоа главниот град следуваат Битола со 68, Велес со 34 и Кавадарци и Куманово по 31.
Состојбата со ковид-19 се влоѓува во регионот. Словенечката Влада, во обид да го ограничи брзиот раст на епидемијата, усвои голем број нови рестриктивни мерки, но не се одлучи за заклучување, како што препорачаа некои експерти од здравството, чии капацитети за пациентите со ковид-19 се доведени до раб на издржливост.

Новите мерки стапуваат на сила од утре (понеделник, 8 ноември), а меѓудругото опфаќаат скратување на работата на кафеаната и забрана за собирање луѓе кои не се членови на исто домаќинство. Угостителските објекти во Словенија ќе може да работат, а гости ќе смеат да се служат само на маси и на соодветно растојание.

За секој посетител е потребно да се обезбедат најмалку 10 квадратни метри простор, во продавниците на влезот треба да се означи колку луѓе можат да бидат истовремено внатре, платнените маски повеќе не можат да се користат, туку мора да бидат хируршки или тип FFP2, соопшти владата по седницата, која траеше до доцна во ноќта.

И во Грција стапија во сила новите мерки. Ковид сертификат за вакцинираните лица, потврда за прележаните и негативен рапид тест за невакцинираните, заедно со документ за лична идентификација, станува задолжителен за влез во речиси сите затворени простори во Грција, со исклучок на маркетите и продавниците за храна, аптеките, бензинските пумпи и црквите.

Конкретните мерки за задолжителен ковид сертификат важат за полнолетните граѓани, а децата од 4 до 17 години може да покажат изјава за направен селф тест, односно негативен резултат од тест за домашна употреба.

Сите невакцинирани лица вработени во јавниот и во приватниот сектор задолжително, без разлика на нивната работна позиција, како и на вработените во религиозните објекти задолжително ќе треба да се тестираат со ПЦР или рапид тест два пати неделно, наместо еднаш како што беше досега.

Маската и понатаму е задолжителна во затворените простори, но и на отворено доколку постои гужва. Како и досега, така и од сега, сите мерки во Грција што важат за Грците, важат и за туристите.

Србија, пак, најверојатно се соочува и со Делта плус сојот, изјави Иво Удовичиќ, командант на воената болница на Карабурма во Белград.

Во прашање е многу позаразна форма. Имаме причина за голема загриженост, бидејќи Делта плус сојот мутирал во делот на влез во клетките што го прави многу позаразна форма на вирусот. Тоа ќе предизвика поголем број заболени на дневна основа. Тој веројатно е пристигнат во Србија, изјави Удовичиќ.

Во моментов во Србија, во т.н. црвени зони се лекуваат над 6.700 пациенти, во најлоша состојба – на респиратор се 270 лица.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

„Сцени од брачниот живот“ и уште некои одлични мини - серии

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk