Македонија има вкупно 7.836 активни случаи на ковид-19 во моментот, откако вчера беа регистрирани 601 нов случај на заболени. Согласно последниот извештај на Министерството за здравство (МЗ), досега во земјата се направени 1.404.750 милиони тестирања за коронавирусот, а вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 205.623. Оздравени се вкупно 190.570 пациенти, а починаа 7.217 лица.
Новите мерки стапуваат на сила од утре (понеделник, 8 ноември), а меѓудругото опфаќаат скратување на работата на кафеаната и забрана за собирање луѓе кои не се членови на исто домаќинство. Угостителските објекти во Словенија ќе може да работат, а гости ќе смеат да се служат само на маси и на соодветно растојание.
За секој посетител е потребно да се обезбедат најмалку 10 квадратни метри простор, во продавниците на влезот треба да се означи колку луѓе можат да бидат истовремено внатре, платнените маски повеќе не можат да се користат, туку мора да бидат хируршки или тип FFP2, соопшти владата по седницата, која траеше до доцна во ноќта.
И во Грција стапија во сила новите мерки. Ковид сертификат за вакцинираните лица, потврда за прележаните и негативен рапид тест за невакцинираните, заедно со документ за лична идентификација, станува задолжителен за влез во речиси сите затворени простори во Грција, со исклучок на маркетите и продавниците за храна, аптеките, бензинските пумпи и црквите.
Конкретните мерки за задолжителен ковид сертификат важат за полнолетните граѓани, а децата од 4 до 17 години може да покажат изјава за направен селф тест, односно негативен резултат од тест за домашна употреба.
Сите невакцинирани лица вработени во јавниот и во приватниот сектор задолжително, без разлика на нивната работна позиција, како и на вработените во религиозните објекти задолжително ќе треба да се тестираат со ПЦР или рапид тест два пати неделно, наместо еднаш како што беше досега.
Маската и понатаму е задолжителна во затворените простори, но и на отворено доколку постои гужва. Како и досега, така и од сега, сите мерки во Грција што важат за Грците, важат и за туристите.
Србија, пак, најверојатно се соочува и со Делта плус сојот, изјави Иво Удовичиќ, командант на воената болница на Карабурма во Белград.
Во прашање е многу позаразна форма. Имаме причина за голема загриженост, бидејќи Делта плус сојот мутирал во делот на влез во клетките што го прави многу позаразна форма на вирусот. Тоа ќе предизвика поголем број заболени на дневна основа. Тој веројатно е пристигнат во Србија, изјави Удовичиќ.
Во моментов во Србија, во т.н. црвени зони се лекуваат над 6.700 пациенти, во најлоша состојба – на респиратор се 270 лица.