Универзитетскиот професор, Мехмет Калиси, на социјалните мрежи коментира: Беса и Алијанса на Албанци се производ на предавства.
Сагата на Христијан Мицкоски во потрага по ново парламентарно мнозинство започна во јули. По сѐ изгледа, десетте најави на лидерот на опозицијата за ново парламентарно мнозинство кое ќе доведе до формирање на нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пропаднаа во вода.
Услови на Левица за коалицирање на Левица со ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците: Законска заштита и забрана за користење на името ВМРО (Значи, ВМРО-ДПМНЕ да си го смени името во ДПМНЕ), поништување на Преспанскиот, отчленување од НАТО, отповикување на признавањето на Косово, Израел и Јужна Кореја.
ЗАНИМЛИВОСТИ
Култниот југословенски киоск К67, на познатиот словенечки архитект и дизајнер Саша Махтиг, се појави на Тајмс Сквер во Њујорк на почетокот на претходниот месец. Киоскот беше поставен како дел од проектот Times Square Transmissions 2021 и се користеше како диџејски штанд за пуштање музика.
Опозициските партии седнаа на маса и започнаа договарање на непринципиелна коалиција, иако очигледно нивните програми не само што се различни, туку се и спротивни. Во програмата на партијата Левица, освен што се против користење на името ВМРО, против Преспанскиот и Охридскиот рамковен договор, тие се и против постоење на Влада.
По дваесет години од потпишувањето на договорот со кој се стави крај на внатрешниот воен конфликт и меѓуетничките тензии во државата, дел од албанските партии како БЕСА, Алијанса за Албанците и Алтернатива решија да седнат на една маса со поткопувачите на Охридскиот рамковен договор. Овој договор, со кој етничките заедници во земјава уживаат поголеми права, но и се обезбеди мир, од партијата Левица најавуваат дека ќе го укинат.
Христијан Мицкоски влегува во коалиција со партијата што бараше бришење на името ВМРО од опозициската ДПМНЕ и негова законска заштита и забрана за користење од било која политичка партија, фирма или невладина организација поради негова злоупотреба во дневно-политички цели, по локалните избори желбата за власт очигледно ги брише сите политички идеали.